Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Има некои работи кои никако не смеете да и ги кажете на една трудница, како не би и било потешко, поднесувајќи ја и онака тешката бременост. Таа е тогаш најчувствителна и некои работи, треба добро да размислите дали да и ги соопштите, иако ви дошле на ум. Еве неколку од нив, кои најубаво би било да ги задржите за себе:
1. “Беше ли планирано?”
Навистина ли е важно? Планирано или не, трудницата ги споделува новостите затоа што е среќна и возбудена. Ова прашање е непотребно и малку непристојно. Наместо тоа само кажете : “Честитам”.
2. "Изгледаш како да ќе се породиш во секој момент"
Последното нешто што би сакала да го чуе жена во доцна бременост е тоа колку е голема. Таа е веќе изморена и загрижена за изгледот и потсетувајќи ја на тоа, не е пријатно. Наместо тоа прашајте: "Како се чувствуваш?"
3. "Сигурна си дека не носиш близнаци?"
Таа е сензитивна за нејзиниот изглед. Свесна е дека има 20 килограми плус и убаво би било тоа прашање да го замените со: "Знаеш ли што носиш?"
4. "Уживај сега, затоа што кога ќе дојде бебето, ќе видиш многу маки."
Бременоста е емоционална состојба за секоја жена, посебно кога го носи своето прво дете. Свесна е дека нејзиниот живот ќе се промени. Но нема потреба да и се зборуваат нешта како тоа дека нема да има доволно сон, нема да има време за себе и дека нема да и се фаќа облеката. Наместо тоа кажете: “Родителството има свои добри и лоши страни, но дефинитивно е вредно за секоја мака”.
5. "Јас никогаш немав утрински мачнини."
Секоја бременост е различна, затоа кога таа ќе ви каже дека има утрински мачнини, воздржете се од коментарот дека вие сте ги немале никогаш. Наместо тоа, прашајте ја како се чувствува.
6. "Не смееш да го јадеш/пиеш тоа."
Не заборавајте дека секоја бремена жена има сопствен режим на исхрана и е тотално свесна за тоа што смее и не смее да јаде/пие. Наместо тоа прокоментирајте: "Тоа изгледа баш вкусно!"
7."Не ти е добро?Јас се мачев сите 9 месеци."
Секоја бремена жена не сака да биде поисплашена од она што е. Хорор приказните задржете го за себе. Наместо тоа речете: “Не се грижи, наскоро ќе бидеш подобро”
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...