Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
За децата вреди секоја жртва и се што сме претрпеле за да ги држиме в раце тие малечки чуда-вреди! Првата ќерка ја родив на 22 години, по природен пат, а втората после тринаесет години, на 35 години. Бременоста ми се водеше како ризична најмногу заради годините. Заради ред случувања во минатото и поголем број операции кои ми беа извршени на нозете, докторката не ми препорачуваше природен пораѓај. Згора на тоа и мојот бебуш беше завртен бочно, па и во услови кога не би имала други проблеми, царскиот рез ќе беше неизбежен.
Операцијата помина одлично, се освестив уште кога ме вадеа од сала и се чувствував пресреќна кога си ја видов малечката сосема здрава и прекрасна.
Поминаа скоро 10 часа од операцијата. Ја доев малечката и кога ја ставив до мене да си спие, забележав дека не можам да се исправам. Не можев да земам воздух, чувствував како во градиве да имам блокада. Повикав сестра, таа повика доктор. Ми беа направени анализи и крвната слика покажуваше дека Д-димерите се „скокнати“ за 100 пати погоре од нормалната вредност. Болката во моите гради не поминуваше, па ноќта ме испратија за Скопје. Мислам дека ни самата не бев свесна што се случува. Моето бебенце остана во Струга, а јас морав да заминам за Скопје, не знаејќи колку долго. Искуството беше страшно.
Единствено нешто што сакам да им кажам на сите идни мајки е дека крвната слика е пресудна! Редовните контроли се важни. Јас цела бременост се плашев да немам анемија, затоа што цел живот се борам со неа. Анемијата е страшна, но исто така и високите параметри на крвта се важни. Секоја вредност е важна и треба да се внимава на се. За среќа, мојот проблем беше брзо решен. Примав Клексани секој ден, но и упорно ја доев мојата Дарија, заради нашето заедничко добро. Ништо подобро од тоа нема.
Сечие искуство е различно. Но, вреди да се издржи се затоа што ништо поскапоцено од нашите деца не постои. Тие се најголемото богатство кое го имаме и за нив се може и треба да издржиме.
6
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како телото реагира на бременоста?
Бременоста е многу повеќе од растење на стомакот. Од моментот кога ќе ...
Што значи итен царски рез и дали носи поголем ризик?
Кога ќе се слушне изразот „итен царски рез“, кај многу идни мајки ведн...
Висок крвен притисок во бременост
Бременоста носи бројни промени во организмот, а една од најважните раб...
Колку често треба да се тушираме?
Туширањето е важен дел од личната хигиена, но не постои една идеална б...
Промени во крвниот притисок и пулсот во бременоста
Бременоста носи бројни промени во организмот, а кардиоваскуларниот сис...