|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што мисли кога ќе Ве види гола?!

Редакција Рингераја, 28.7.2011
Ретко која жена или девојка никогаш не се запрашала какви мисли им се вртат на мажите во глава, кога пред нив ќе се најде гола жена.

image
/11


 

 

Познатата изрека “Мажите се од Марс, а жените од Венера”, може да се примени и во оваа ситуација која уште еднаш покажува колку мажите и жените размислуваат поинаку.

На мажите најчесто му претставува задоволство да го видат секој сантиметар од голото тело, а жените си ја разбиваат главата со прашања “што мисли сега?” “ќе ми го види целулитот на нозете” “дали му се допаѓам?”. Вистина е дека ниту еден маж нема да помисли ништо слично, кога ќе ја види жената која му се допаѓа, гола. За да Ви биде што побезболен незгодниот момент на соблекување, ќе Ви ја кажеме вистината што мисли мажот кога ќе Ве види гола.

 

Кожата и е толку мека

Без оглед на тоа дали заборавивте да нанесете хидратантен крем, Вашата кожа му се чини како вистински сатен. Имено, кожата на мажите е за 20% подебела од кожата на жените, па така и кога мислите дека кожата Ви е груба, нему му дава чувство на мекост. Освен тоа, мажите имаат помрсна кожа така што неговата рака ќе се слизга по Вас како да сте ткаени од свила.

 

Го обожувам нејзиниот мирис

И покрај тоа што многу жени ќе се изненадат, во овој случај не се мисли на лосионите, кремовите и парфемите, туку на природниот мирис на телото на кој мажот тешко може да му одолее. Покривањето на сопствениот мирис и претераното парфимирање и капење, нема да Ве направат попривлечна во спалната соба, напротив. Вашите природни феномени се како афродизијак, па зошто да не ги искористите? Нормално, тоа не значи да се избегнува секојдневната хигиена, која е нужна, но подобро е да се користат лосиони и кремови со дискретен мирис. На тој начин Вашиот партнер нема да чувствува дека наместо секси заводничка, во креветот има залак од сапуница.

 

Зошто не ми допушта да видам се?

Резултатите од анкетата која ја спровела агенцијата Psychology today покажуваат дека дури 56 проценти од жените не се задоволни со сопствениот изглед. Но дали навистина е за верување дека повеќе од половина од жените се неатрактивни? Па не баш. Најверојатно повеќето жени имаат нереална слика за сопствениот изглед. Поголемиот број жени гледајќи се во огледало ги воочуваат само  маните, а мажите гледаат сосема поинаку. Тие го гледаат тоа што им се допаѓа, а маните воопшто не ги забележуваат.

 

Се надевам ќе ми каже што сака и што и одговара

И покрај сите информации до кои доаѓаат мажите денес, преку разните списанија и интернет, модерните заводници и понатаму живеат во потполно незнаење што се однесува на она што сакате Вие. Заради тоа повеќе од потребно им е Вашето водство. Се е многу полесно со добри упатства, а тоа што дава добро чувство може да биде неверојатно секси.

 

Таа е во добра форма, баш како и јас

Повеќето жени при погледот на сопственото тело ќе помислат дека можеби треба да ослабат некое кило, а тоа ќе го помислат и за својот партнер, но на мажот му се вртат сосема поинакви мисли во главата. Без оглед на се тој мисли дека и Вие и тој изгледате одлично.

 

Не можам да се науживам на нејзините меки делови

Жените имаат дополнителен слој на маснотија под кожата, што ги прави посебно меки. Всушност тоа е причината зошто тој сака да ги допира Вашите гради, задница и стомак. Обидете се да се опуштите и дозволете му да ужива – тоа е она што се прави атрактивна во неговите очи.

 

Сакам оваа ноќ да биде за помнење

Мажите се многу горди кога ќе успеат да ја доведат жената до оргазам. Мислата која прва му се јавува кога ќе Ве види гола е дека сака да Ви пружи незаборавен оргазам, бидејќи на тоа начин ќе Ве види повторно, без излишната облека.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кондомите и морската вода
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. Но додека пакувате крема за сончање и костим за ка...
4
На кафе кај младата авторка Ева Ристевска
На прв поглед - повлечена и срамежлива девојка, која сака да води долги и длабоки разговори. Како автор, се обидува прек...
4
10 модни совети за бремени жени
Најважното нешто што треба да го запомните, кога станува збор за модата е дека не мора да го промените Вашиот основен ст...
3
Нема многу 43-годишни жени кои изгледаат вака
Стефани Сејмур го покажа своето тело во монокини, пркосејќи им на годините
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?