namesp во 10:12
Се што треба да знаете за мајонезот
www.doktori.mk, 17.1.2014
Ако, одговорот е да, тогаш има работи кои морате да ги знете во врска со мајонезот, пред да продолжите да уживате во него ...
Мајонезот е намирница која има огромна калориска вредност. Во 100 грама мајонез има околу 700 калории, што го сместува мајонезот во листата на најкалорична храна. Мастите сочинуваат повеќе од 75 % од мајонезот, добиени од растителни масла. Постојат и полесни верзии на мајонез, но и тие содржат околу 50 % на масти.
Прво морате да знаете дека мајонезот е најголем непријател на оние кои внимаваат на телесната тежина, оние кои сакаат да имаат обликувано тело и убава линија. Исто така важно е да се напомене дека мајонезот е голем непријател и на луѓето кои имаат проблеми со покачен холестерол и триглицериди, бидејќи самиот мајонез е скоро целосно составен од масти.
Мајонезот за жал содржи и многу големи количества на адитиви, сол и други додатоци кои му го даваат убавиот вкус, но се од голема штетност за самиот организам. Поради овие адитиви вие не можете да направите толку вкусен домашен мајонез, како оној што ќе го купите од маркет.
Сепак, нашата денешна цел не е да ви кажеме дека не треба да конзумирате мајонез, туку дека треба да го конзумирате многу внимателно т.е. во исклучително мали количини, само како зачин или декорација. Мајонезот е особено опасен продукт во летните месеци. Мајонезот кој не е чуван правилно и на соодветни темперетури може да стане лесна подлога за раст и развој на разни бактерии и други микроорганизми, па многу често болестите кои се добиваат од распипан мајонез знаат да бидат многу тешки за лекување, проследени со масивни дијареи, гадења, повраќања, темперетура и слични симптоми, кои бараат хоспитализација, секако во зависност од типот на бактеријата.
Експертите советуваат дека наместо мајонез можете да пробате да користите младо сирење, јогурт, или домашен млечен намаз, бидејќи мајонезот доколку редовно се конзумира може да биде навистина штетен особено за кардио-васкуларниот систем, а и со сигурност ќе ви создава вишок калории, што значи склоност кон дебелеење, а дебелеењето само по себе носи уште огромна низа на здравствени ризици за организамот.
Веруваме дека ги разјаснивме дилемите, мајонезот е вискокалорично јадење кое треба да се конзумира во многу мали количини, конзумацијата треба да се намали или да се избегнува во летните месеци, или ако веќе се користи да се чува соодветно и да се купуваат мајонези со намалено ниво на масленост, и со што помалку адитиви и конзерванси. Се согласуваме мајонезот има одличен вкус, но предупредуваме, за жал мајонезот не е на листата на здрава храна за конзумирање.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Она што е најважно во односот меѓу мајката и ќерката, во текот на развојот – е да се откажете од инсистирање кон соврше...

Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...

Многу често ние родителите се запоставуваме самите себеси заради доброто на нашите деца. Но, она што стручните лица го м...

Доколку не сте сигурни, спроведете неколку домашни експерименти, кои ќе ги ви откријат дали сте подготвени да станете ро...
