Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Веќе знаеме дека едно јаболко на ден го држи лекарот подалеку од нас. Уште во стариот век била добро позната големата вредност на јаболкото и неговото употребување во лековити цели. Карло Велики наредил садење јаболка во германските земји околу 800-та година, а околу 1600-та година биле познати речиси 200 сорти јаболка. Од времето на стариот Рим потекнува изреката „од јајце се до јаболко“. Тогаш било вообичаено да се почне оброкот со јајце а да се заврши со јаболко.
Стеблото на јаболкницата најчесто е најкултивирано стебло на светот, а како диво во Европа датира уште од предисториското време. Питомото стебло по потекло е од јужен Сибир и од Азија.
И ПРОТИВ ПРОБЛЕМИ СО ВАРЕЊЕТО
Јаболкото е вистинска мала ризница на состојки кои позитивно влијаат врз нашиот организам. Во зависност од сортата 100грама јаболка содржи околу 85 грама вода, 10,9 грама јаглеродни хидрати и 3 грама диетални влакна. Во јаболката има и околу 40 милиграма витамин Ц, потоа витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета-каротин. Тие содржат и минерали, многу калиум (100-180 милиграми) и калциум, фосфор, магнезиум и железо. Јаболката го поттикнуваат имунолошкиот систем на организмот и многу се ефективни во борбата против вирусите, бактериите и разорното влијание на слободните радикали. Така, јаболката одлично штитат од настинка, а докажано е дека штитат и од појава на тумори, пред се, на дебелото црево.
Јаболката се одлични кај проблеми со варењето, пред се, кај опстипација. Понатаму, спречуваат насобирање на штетни елементи во крвта, го намалуваат зголемениот холестерол и спречуваат затнување на крвните садови, па така го намалуваат ризикот од појава на тромбоза и на артериосклероза, а позитивно дејствуваат и врз работата на срцето.
Свежо јаболко се препорачува да се јаде половина час претходно или неколку часа по оброкот. Јаболкото содржи голем процент на вода, во која се стопени хранливите состојки и минува низ желудникот во рок од 15 до 20 минути, па бргу се апсорбира.
УШТЕ НЕКОИ БЛАГОДЕТИ
За слабеење – ова овошје е богато со калиум, па така поттикнува излачување течности при што го стимулира слабеењето.Освен тоа, богато е со влакна, па затоа во желудникот создава чувство на ситост.
За чистење на организмот – свежото јаболко содржи големи количества пектин, кој во организмот апсорбира вода и отрови, па затоа стручњаците препорачуваат барем еден ден во текот на месецот да се јадат само јаболка, да се пие само сок од јаболка за да се исфрлат сите отрови од организмот кои се насобираат со консумирање на храна од животинско потекло.
За здрави заби – јаболката се многу важни и за нега за забите, а исто така се добро средство за освежување на здивот. Поради многу калциум и фосфор позитивно влијаат врз изградбата на коските и на забите, а бидејки се богати со флуор, го спречуваат кариесот, ги јакнат и ги штитат забното месо и усната флора. Со лесно џвакање на јаболкото се чистат забите и се уништуваат штетните бактерии во усната шуплина. Интересно е дека со миењето уништуваме 60% од бактериите во устата, а со јадењето на јаболка дури 90 отсто.
Против умор – јаболката имаат многу јаглеродни хидрати, па го обезбедуваат телото со енергија и го спречуваат уморот. Состојката серотинон одлично го крева расположението.
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.