vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Моето име е Маја Аргакијева. Сопруга, мајка на две прекрасни близначки и фотограф. Поранечен страстен практикувач на јога, моментално оставено настрана. Едвај ми останува време од првите три.
Мојата приказна започна пред 20 години, кога се шетав наоколу со мојот компактен апарат, сонувајќи да станам професионален фотограф. Тој сон започна да зема форма кога го открив стариот Зенит од татко ми со леќи кои се менуваа и ми ја дадоа можноста да ги истражам длабочините на фотографијата и да го проширам моето техничко знаење. Кога го купив мојот прв дигитален апарат и станав член на Фото Клуб Елема, ги добив моите први ангажмани, кои дополнително ја надградија мојата техника. Зедов учество во многубројни локални и меѓународни изложби каде што имам освоено неколку награди. Порано фотографирав се што ми беше интересно во моментот...портрети, улична фотографија, пејсажи..
Љубовта и страста за фотографијата се претворија во вистинска професија по раѓањето на моите две ќерки близначки во 2011 година. Тој скапоцен подарок конечно го насочи мојот фокус кон фотографија за бебиња и дечиња. Чкрапнувањето ги тие совршени мали суштества со мојот апарат, стана најубавото нешто на светот. Не постои слично чувство како чувството кога си сведок на најинтимните моменти помеѓу родителите и нивното дете. Благодарна сум за можноста да бидам дел од тоа.
| Телефон | 070 327 079 |
|---|---|
| maja.argakijeva@gmail.com | |
| Website | http://www.majaargakijevaphotography.com |
Рингераја.мк на неделно ниво ќе објавува фотографии од оваа наша позната фотографка.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...
Дали земањето омега 3 ќе ви помогне со плодноста?
Омега 3 масните киселини често се споменуваат како дел од исхраната за...
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...