Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
- Новороденото може да ја подигне главата накратко, додека е на стомак,
- Се концентрира на лице на мајката додека го дои,
- Реагира на звучни дразби со померување на глава и очи,
- Краткотрајно гледа и со очи го следи лицето или предметот на одалеченост 15-25 цм од лицето,
- Се смее спонтано и вокализира ( зборува).
Во првиот месец новороденото го разликува мирисот на мајчиното млеко и потта од другите мајки, се смирува кога ќе му пријде мајката. Тоа разликува пријатни и непријатни дразби, реагира на напнатост или нејзино отсуство во својот однос со мајката.
Начини за СТИМУЛАЦИЈА на развојот на новороденчето:
- Зборувајте му на Вашето бебе,
- Поставете го Вашето лице или некој светол/сјаен предмет, со големина 20-30 цм пред лицето на бебето,
- Дајте му звончиња, тропалка,
- Обесете подвижни предмети во негово видно поле,
- Поставете го новороденото на стомаче во Ваше присаство и оставете го така додека сака.
- Држете го во прегратка секогаш кога е вознемирено.
Емоционалната врска е значаен фактор за физичкиот и психичкиот развој на детето.
Емоциите го одредуваат развојот на личноста на детето и неговото доживување на себе во однос на светот и самиот себе.
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Дали мокрењето по однос спречува бременост?
Мокрењето по сексуален однос не спречува бременост. ...
Колку често треба да се капе новороденчето?
Новороденчето не мора да се капе секој ден. ...
Вашето тело закрепнува по породувањето
По породувањето, телото на мајката започнува период на закрепнување. ...
Како возраста влијае на машката плодност?
Машката плодност не престанува нагло со одредена возраст, како што чес...
Кога се препорачува амниоцентеза?
Амниоцентезата е пренатално дијагностичко испитување што овозможува да...