Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Целијакијата е многу распространето заболување. Главниот причинител е содржан во некои житни растенија и се нарекува глутен. Тој ја оштетува слузницата на тенкото црево и тоа постепено атрофира. Тогаш организмот ја губи способноста да ги апсорбира корисните материи – протеини, витамини, масти, јаглени хидрати.
Најчесто класичната форма на целијакија се појавува штом на детето ќе му се даде кашичка која содржи глутен. Болеста може да се појави и многу подоцна, на 2 или 4 години, ако во менито на детето има повеќе производи со глутен. Исто така намалената имунолошка способност на организмот, како и генетските предиспозиции, можат да доведат до нетолерантност кон глутен. Дури 14% од родителите на деца од оваа болест, исто така страдаат од интолеранција на глутен.
Заболувањето може да предизвика развој на анемија, рахитис, остеопороза и други заболувања
Тешко може да се забележи дека детето не поднесува житни производи. Најпрво тоа станува раздразливо и каприциозно. Родителите обично не обрнуваат внимание на овие симптоми и ги припишуваат на растот на забите. Подоцна, кај овие деца, се јавува дијареа, која не исчезнува со вообичаена диета. Апетитот на детето се намалува, тоа започнува нагло да губи на тежина и стомакот му се зголемува.
Нарушеноста на работата на организмот, предизвикана од целијакија, со тек на време може да доведе до анемија, рахитис, остеопороза, заостанување во менталниот развој и други компликации. Бидејќи знаците на целијакија не се јасно изразени, за неа се разбира дури откако детето ќе добие анемија или рахитис. Токму во тоа е опасноста на оваа болест. Постои и скриена целијакија која може да се утврди само со посебни испитувања – одредување на нивото на имуноглобулин во крвта, ендоскопија и биопсија.
Сите продукти од пченица се АПСОЛУТНО ЗАБРАНЕТИ!
Основниот третман на целијакија е строга диета без присуство на глутен. Забраната се однесува на сите производи од пченица, ‘рж, јачмен, овес, вклучувајќи и леб, тестенини, банички, торти и колачи...
Најмалку една година на детето не треба да му се дава полномасно кравјо млеко. Се ограничува употребата и на мрсна храна.
На прв поглед нема ништо страшно: се исклучуваат штетните производи и се е во ред. Но глутенот го има не само во тестенините. Го има и во конзерви, кренвиршли, колбаси, кечап, соја сос, во концентрирани супи, па дури и во јогуртот. Тоа е така бидејќи производителите додаваат брашно како згуснувач во производите, но како состојка го нема на етикетите.
Во менито на болни од целијакија може да се вклучат ориз, хељда, соја, пченка, компири. Дозволени се сите видови на овошје и зеленчук, риба, месо и млечни производи.
При почитување на диетата и препораките на лекарот непријатните симптоми исчезнуваат и слузницата на цревата се опоравува
Ова се случува за неколку месеци, ретко за година до две. Симптомите исчезнуваат и болните од целијакија се враќаат во нормален живот. Растат и се развиваат како другите деца и не заостануваат зад своите врсници, ниту во физички, ниту во ментален развој. Но исхраната без глутен мора да се почитува цел живот. Само лекар може да одлучи дали и за колку време може да се прекине со диетата. Покрај исхраната кај болните деца понекогаш се дава и дополнителна терапија, како средства за лекување на микрофлората на цревата, панкреатични ферменти и друго.
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?