андемијата ни ги измени животите на сите. Додека многумина останаа без работа, многумина успеаја да создадат свои бизниси кои ги водат од дома. Периодов социјалните мрежи се моќни медуими со чија помош може да се промовира и просперира бизнис
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Јас сум Марина од градот под Исарот, каде се шијат многу приказни меѓу кои и мојата и на мојот бренд за накит, Карнер. Паралелно со развивање на брендот работам и на мојата страст - преобликување на облека." - вели за себе штипјанката Марина Карнер, сопственичка на брендот за накит Карнер.

Рингераја: Како дојдовте до оваа идеја?
Марина: Љубопитноста е моја водилка. Пред околу 6 години ме пронајде објава за обука за епоксидна смола и следејќи ја љубопитноста се најдов на работилницата за епокси кадешто за првпат се сретав со смола и со насоки за создавање и управување со бренд. Тоа беше исклучително примамливо за мојот вкус. Не одолеав на овој креативен предизвик. Смолата и јас сме биле спремни една за друга и почнав веднаш со изработување на накит, со пробување на различни варијанти кои ги претставував како колекции. Spirit in the sky, Rosewood, Sweet and Trapped се првите колекции на единствени, неповторливи парчиња ѓердани, обетки, прстени и алки создавани со многу љубов.
Рингераја: Колку време е потребно за да се изработи едно парче накит? Бара ли многу време и труд?
Марина: Пред се брендот е фокусиран на изработка на накит од сушено цвеќе и епоксидна смола. За да настане една изработка треба првично да се пронајде соодветен цвет, да се дехидрира успешно, да се исуши, да се пресува и тн, па дури после доаѓа до спојување со епоксидна смола. Треба време и трпение да се создаде едно парче накит, мало чудо творено во тишина со две раце. 'Мали чувари на големи приказни' е пораката која ја испраќа секое парче накит од овој бренд.
Рингераја: Какви производи има во вашата понуда?
Марина: Оваа проѕирна маса е идеален медиум да се сочува некој спомен, емоција, заробен мотив, желба, што цвеќето го буди. Така настануваат мали потсетикони, белешки на незаборавни моменти или кодирани пораки. Едноставно, цвеќињата замрзнати цветаат засекогаш. Идеален медиум е и да ја изразам мојата личност, креативност, можност за бесконечна игра, сложувалка од допадливи приказни кои една по една си ги пронаоѓаат своите сопственици.
Накитот го изработувам како комплет од обетки и ѓердан, обетки и алка, но и поедични понуди, по избор. Најпопуларни се творбите од #месака_немесака цветот во сите накит варијанти.
Рингераја: Колку потрошувачите се заинтересирани за вашите производи и каков е вашиот став за нашиот народ - дали ја ценат рачната изработка? Како врз овој бизнис влијае пандемијата?
Марина: Смолата како медиум со кој ракотворците ги изразуваат своите креации е релативно нов на нашите простори. Пред 5 години бевме неколку изработувачки и беше навистина тешко да се биде веднаш препознаен од купувачите. Денес постои поголема конкуренција, епоксидната смола веќе има примена во повеќе сфери и секако веќе препознатлива на пазарот. Исто и он лајн продажбата пред 5 години беше во подем, за да денес можеби и под притисок на пандемијата има голем пораст. Рачната работа општо кај нас е на маргините, но моите искуства сведочат дека се повеќе луѓето бараат автентичност, уникатност, посебност и таа желба ги води до свој омилен бренд на рачни творби на кој му оставаат копнеж и мотив да продолжи со создавање на поубав свет. Пандемискиот период се сосредоточив на виртуелната витрина, инстаграм фидот да биде приемчив, допадлив и интересен за публиката, купувачите и поддржувачите на брендот.
И благодариме на Марина за издвоеното време.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кој е најсексипилниот маж за 2014 година?
Магазинот People секоја година прогласува најсексипилен маж меѓу живите. Оваа година тоа е...
5
Кејт Мидлтон: Најдобро облечена жена на св...
Нејзиниот уникатен стил предизвика Кејт ефект - милиони жени во светот се обидуваат да го копираат нејзиниот изглед
4
Женствени вибрации - Bella пролет/лето 2018
Верни на вкусот на модните зависници, Bella ја најавува новата сезона подинамично од кога било
4
Зимска мода - тренди чевли и облека за ова...
За сите дами кои сакаат да изгледаат привлечно оваа зима и да бидат во чекор со новите трендови, подготвивме неколку клу...
3