Што е важно да се знае при поаѓањето во прво одделение?
- Од првиот ден важно е одењето во училиште да се поврзи со радосни моменти во семејството. Без брзање и паника, родителите навреме ќе го разбудат своето дете за одење во училиште. Тргнете од дома на време. Дојдете во училиште доволно рано (10-15 минути пред почетокот на часот), за да имате време да се поздравите со детето и тоа да може да им се придружи на другите деца во играта. Кога детето ќе се вклопи доволно е само кратко да го поздравите и да го оставите во друштво со врсниците, за да биде што посамостојно.
- Обрнете внимание детето наутро да појадува. Доколку нема училишна ужинка, ставете му храна во ранчето, за да не мора да купува од продавница.
- Ранецот, книгите и училишниот прибор подгответе ги заедно со детето претходната вечер. Распоредот на часовите ставете го на видно место во собата. Научете го детето што побрзо да се осамостои во спремањето на училишниот ранец. Исто така претходната вечер извадете чиста облека за да не губите време наутро.
- Во првите неколку недели потребно е родителите да го носат и земаат детето од училиште, но постепено да го подготвуваат за самостојно одење.
- Поврзете се со други родители кои живеат во Ваша близина за да може Вашето дете подоцна да оди во група на училиште. Поврзувањето со другите родители е важно за да може детето да препише што не запишало, и да праша за домашната задача, ако заборавило.
- На детето му е потребен сон од 8-10 часа за да може нормално да функционира на училиште.
- Ставете иницијали на школскиот прибор и опрема и научете го детето да внимава на своите работи. Се препорачува да не се носат вредни работи на училиште.
- Детето треба да знае каде се наоѓате или да знае Ваш број на телефон, во случај на потреба. Децата често ги губат мобилните телефони, или се оптоваруваат со тоа да не ги скршат. Ако Вашето дете носи мобилен телефон, објаснете му како се пали и гасне, затоа што за време на настава телефонот треба да биде исклучен.
- Кога часовите ќе завршат дочекајте го своето дете пред училиште. Насмејте се и немојте да доцните, бидејќи детето ќе се уплаши ако не сте таму каде што сте се договориле да го чекате.
- Научете го Вашето дете само да Ви ги покажува пораките од учителката напишани во блокчето.
- Одберете време и место за пишување на домашна работа и држете се до тој распоред. Научете го детето дека најпрво мора да заврши со училишните обврски, а потоа да игра. Помогнете му, но немојте ништо да правите наместо него.
- За сите прашања обратете и се најпрво на учителката која ќе Ви помогне и ќе Ве сослуша.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Кашлица кај малите деца
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој може да ги исплаши родителите, но не секогаш укажува...
4
Зошто не треба да ги казнуваме децата теле...
Децата кои никогаш не добиле ќотек имаат подобро однесување, повеќе ги слушаат возрасните и имаат поголемо почитување ко...
3
За мајките и чудата
Чудата се насекаде околу нас и се случуваат секојдневно. Ти се случуваат и тебе, која го читаш овој текст. Како да ги пр...
3
Најчести болести кај претшколски деца
Најчести болести во раното детство се инфекции на дишните патишта, дијареја и со неа поврзани болести, како и инфекции н...
3