namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Печатот кампуваше пред Палатаа Кенсингтон уште од минатата недела и Teresa May за вестите наводно го расчисти својот дневник во четвртокот, но двојката го остави светот да чека до викендот за да ги објави среќните вести. Сега тоа и официјално се случи, а мислите се свртеа кон следната голема кралска свадба. Еве се што досега знаеме околу ова:
За Meghan Markle…
Таа е 36-годишна Американска актерка, модел и хуманитарец. Meghan е најдобро позната по нејзината улога на Rachel Zane во популарната серија Suits – серија со седум сезони до сега, (иако седмата сезона ќе биде последна за Meghan). Meghan има Холандско, Ирско и Афро-Американско потекло– мајка и е психо- терапевт и јога учител, а татко и е наградуван директор за осветлување, кој работеше на серијата Married… with Children. Meghan е израсната во Hollywood, каде што е приватно едуцирана, пред да посетува студии на Универзитетот Northwestern, каде што по завршувањето на студиите се здоби со диплома за театарски и меѓународни студии.
Како се запознаа Meghan и Принцот Harry?
Шеснаесет месечната романса на Принцот Harry и Meghan започна во Јули 2016, откако тие се запознаа, преку нивните заеднички пријатели во Soho House во Лондон.
Кога започнаа да излегуваат?
Иако двојката почнала да се гледа кратко после средбата во 2016 година, нивната врска се чуваше во тајност. Тие се фотографирани од декември 2016 година, но 33-годишниот Принц чекаше до септември 2017 година за да го направи своето официјално јавно деби со Meghan на игрите на Inviktus вo Toronto, а нивната врска беше потврдена од Kensington Palace во Ноември, после неколку месеци на шпекулации.
За прстенот
Kensington Palace соопшти дека прстенот на Meghan е дизајниран од Принцот Harry и има два дијаманти кои и припаѓаа на неговата покојна мајка Дијана, Принцезата од Велс. Во центарот на прстенот е дијамант од Боцвана, земја во која двојката беше на сафари. Прстенот е направен од злато.
Кога е свадбата?
Според официјалното соопштение од Clarence House, свадбата ќе се одржи на пролет 2018 година, а понатамошните детали за денот на свадбата ќе бидат “објавени во догледно време”.
Која ќе биде титулата на Meghan?
Таа нема да биде позната како ‘Принцезата Meghan’ – иако технички ќе биде принцеза, ‘HRH Princess Henry of Wales’, да бидеме прецизни. Сеедно, стана традиција за Кралицата на своите синови да им ја даде титулата на Војвода, откако ќе стапат во брак – исто како со Принцот William, се шпекулира дека таа ќе го стори истото и со Harry. Ако ова се случи, предвидено е дека Harry ќе биде именуван за Војвода од Сасекс (Duke of Sussex), правејќи ја Meghan Војводка од Сасекс.
Каде ќе живеат со Harry?
Двојката ќе живее во Nottingham Cottage вo Kensington Palace. Се вели дека Meghan веќе започна со преселба од Торонто (нејзините кучиња се во карантин во Лондон).
Се сретнала ли со Кралицата?
Беше објавено дека Meghan првпат се запозна со Кралицата во септември во Balmoral, кратко време откако таа и Harry се вратија од сафари во Боцвана и Замбија. Минатиот месец двојката отиде на чај со Кралицата во Бакингамската Палата, кога, се мисли дека можеби Harry побарал благослов за веридба. Денес портпаролот на Бакингамската Палата изјави дека Кралицата и Војводата од Единбург се “среќни за парот и им ја посакуваат сета среќа”.
И Will и Katе….
По вестите за веридбата денес, Војводата и Војводката од Cambridge ја објавија нивната изјава, во која се вели дека се “многу возбудени за Harry и Meghan”, додавајќи: “Прекрасно е да се запознае Meghan и да се види колку се среќни таа и Harry заедно.”
Нешто друго?
Претходно, помеѓу 2003 и 2013 година, Meghan била во брак со актерот и продуцент Trevor Engelson.
Добро е да почнеме со припреми за ‘Ефектот Meghan Markle’– на почетокот на оваа година, таа за Канадскиот бренд Reitmans, ја септември во Balmoral, кратко време откако таа и Harry се вратија од сафари во Боцвана и Замбија. Минатиот месец двојката отиде на чај со Кралицата во Бакингамската Палата, кога, се мисли дека можеби Harry побарал благослов за веридба. Денес портпаролот на Бакингамската Палата изјави дека Кралицата и Војводата од Единбург се “среќни за парот и им ја посакуваат сета среќа”.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?