Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Рефлекс за нуркање
Со него се раѓа и бебето. Кога ќе му дозволите да нурне, тоа ќе го задржи здивот и ќе ги отвори очите. Со текот на времето, овој рефлекс слабее, па мора да ги научите постарите деца како да го задржат здивот ако сакаат да нуркаат (иако тој рефлекс никогаш не се губи целосно).Шведските научници спровеле студија во која учествувале 21 бебе, на возраст меѓу четири и дванаесет месеци. Никое од нив не ја голтнало водата ниту се задушило кога нурнало во водата. Интересно е и тоа што ниту едно бебе не се исплашило од следното „нуркање“. Напротив, се чинело дека се радуваат. Сепак, мора да напоменеме дека не треба сами да го пробувате нуркачкиот рефлекс кај вашето бебе, бидејќи тоа може да биде опасно!
Рефлекс на пливање
Со овој рефлекс се раѓа и бебето. Имено, ако ставите бебе до шест месеци во водата, тоа рефлексно ќе мавта со рацете и нозете, а овие движења може да изгледаат како вистинско пливање.Сепак, многу е важно да се знае дека споменатите вродени рефлекси не можат да спречат давење доколку бебето се најде во вода. Тоа значи дека не можете да ги оставите сами ниту една секунда!
Време за базен
Некои родители ги носат своите бебиња на базен кога ќе наполнат еден или два месеци. Меѓутоа, во тој период, имунитетот на бебето се уште се развива, и тој е сè уште многу слаб. Затоа експертите не препорачуваат бебиња под шест месеци да го посетуваат базенот.Секогаш постои можност детето да проголта малку вода и никогаш со сигурност не може да се каже дека во базенот нема бактерија која може да му наштети. Ако проголта „загадена“ вода, може да добие дијареа, што е „незгодно“ за многу мали бебиња. По 6-от месец, слободно носете го бебето на базен.
Безбедноста на прво место
Најважната работа е секако безбедноста. Мора да внимавате ниту една секунда да не го оставите бебето само во вода, т.е. базен. Исто така, внимавајте да не пливате додека го држите бебето - бидејќи може да биде многу опасно, но секогаш потпирајте ги стапалата на дното на базенот. Иако многу бебиња уживаат да бидат во вода и да „пливаат“, не очекувајте вашето дете навистина да плива до својот прв роденден. Пред сè, тренинзите за пливање за бебиња треба да ги разберете како заедничка забава во која уживате вие ??и вашето бебе.
34
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...