Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Редакција Рингераја :
Како да се справиме со децата кога одбиваат храна?
Одговор:
Прим.др.Лидија Спасова, ПОБ Ремедика
Најнапред треба да разјасниме за која возрасна група се работи и за каква храна се работи. Ако се работи за доенче на возраст од 3-4 месеци, на слободно доење и ако доенчето е здраво (лабораториски и клинички прегледано од педијатар) најверојатно се работи за т.н. кризи во доење, чести во таа возраст кога доенчето се повеќе се интересира за околината, па секој шум, говор, телевизија го вознемируваат и тоа го прекинува цицањето. Во овој случај треба да се обезбеди тивка и мирна просторија, позната на бебето, со затворени ролетни.
Доенче кај кое се воведува немлечна храна може да прифаќа или да одбива одредени типови на храна, зависно од неговиот вкус.
Кај децата над една година, ако се работи за нагло губење на апетитот, треба педијатриски и лабораториски да се прегледа (болно, анемично итн), но најчесто во таа возраст, во својата истражувачка фаза, тие немаат време да се занимаваат со за нив така досадната работа, како што е исхраната. Загриженоста на родителите и нивната настојчивост да со сила го нахранат, ствара дополнителен отпор кај детето.
Редакција Рингераја :
Што треба да се направи?
Одговор:
Прим.др.Лидија Спасова, ПОБ Ремедика
Најнапред да се провери тежината и висината на детето во однос на стандардната крива за раст и развој. Да се контролира растот на тежината во тек на неколку месеци. Да се храни детето во време кога целото семејство јаде, со тоа што да му се овозможи дел од оброкот да го зема самостојно. Храната да биде интересно сервирана и украсена, за да го привлече. Да не се прават драми ако детето не го изеде сето она што вие сте го предвиделе. Да се избегнуваат грицки и слатки помеѓу оброците(наместо тоа да се даде овошје). Да не се дава млеко пред оброкот , бидејки тоа го заситува.
Ако Вашето дете е здраво, активно, добро напредува, има добра крвна слика, не се вознемирувајте, Вашето дете ке јаде толку колку се неговите потреби а не колку Вие сте предвиделе.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Како да играте со вашето бебе додека е будно?
Во првите неколку недели по раѓањето, новороденчето поголемиот дел од ...
Најдобри пијалоци за метаболизам и слабеење
Кога зборуваме за слабеење, често мислиме на исхраната и физичката акт...
Природни трикови за мазна и природна коса
Дали сакате мазна и уредна коса, или пак да и дадете природен изглед н...
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: