Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
На многу од нас сликата од саканиот партнер и децата со кои го минуваме времето во среќа и љубов, длабоко не исполнува и ја дава смислата на животот. Многу од нас сакаат да дадат љубов, да го поделат знаењето и интересите со своето дете кое ќе не сака до крајот на животот. Многу не планираат да имаат деца, но откако ќе ги добијат се радуваат на секое ново движење, гримаса, насмевка...
Постојат безброј причини поради кои многу луѓе сакаат да имаат деца, но некои во остварување на оваа желба имаат многу тешкотии да дојдат до свое чедо или воопшто не можат да имаат деца. Стравот дека можеби нема да има деца, на човек му го одзема верувањето за среќата, смислата на животот и сопственото постоење.
Скршени од верувањето во кое цел живот не сме се посомневале, предизвикува тага и несигурност, а многу често самиот тој факт не остава можност да се веселиме, да се посветиме на работите во кои претходно уживавме или да правиме работи кои некогаш не правеа среќни.
Постапките на медицински потпомогнато оплодување сами по себе се и физички и психички болни, а разочарувањето после надежта дека токму овој пат ќе останеме бремени е исто толку интензивно, како и самата желба за дете. Луѓето кои имаат тешкотии во остварување на родителството, всушност се борат против змеј со сто глави. Се борат против стравот, немоќта, бесот, чувството на неправда, разочарувањето, очајот, неостварените очекувања, тагата, фрустрациите, тешкотии во комуникација со партнерот, караници, меѓусебни обвинувања, неразбирање од страна на околината, безобразни и глупи коментари од блиските луѓе, финанскиски проблеми, физичка болка... Некогаш ќе победат една змаева глава, но останатите ќе им се нафрлат со целата своја сила. Но, секоја победа е израз на храброст и одлука животот да го направат поубав.
Добро е да знаеме дека постојат луѓе на кои можеме да се потпреме и кои ни помагаат да ги поминеме најтешките моменти. Партнерот, пријателите, семејството, некој случаен минувач кој ќе ни каже убав збор, докторите, психолозите... сите тие или само некој од нив е тука кога ни треба. И тоа ни дава сила да продолжиме да живееме и да се бориме за живот. Не само за живот на своето идно дете, туку и за сопствениот живот кој е достоен за живеење. Живот во кој не се плашиме да ја видиме својата слика во огледало, иако таа слика не е идеална. Живот во кој со еднаков жар ќе се соочиме со среќата и со тагата. Живот во кој ќе имаме луѓе со кои ќе го делиме и доброто и лошото. Живот во кој ќе создаваме и ќе бидеме горди на она што сме го создале. Живот во кој ќе помогнеме на оние кои бараат помош, во кој ќе добиеме помош, ако ни затреба.
Постојат толку многу работи што може да се напишат за постапките на помогнато оплодување и психичката состојба на оние кои минуваат низ тие постапки. Не постои волшебен рецепт, ниту најдобар начин на кој да се соочат со тоа, но постојат разговори и прашања, кои ќе не поттикнат да размислуваме за тоа и да се обидеме да најдеме начини на соочување, па така од ден на ден да стануваме посилни, попаметни и подобри кон себе и кон другите.
Izvor: www.beta.hr
6
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Психички развој на бебето во мајчиниот стомак
Психичкиот развој на бебето започнува многу порано отколку што често м...
Интернет опасности за кои родителите не размислуваат
Ризиците не доаѓаат секогаш од „лоши луѓе“, туку од секојдневието....
Најчести грешки при користење овулациски тестови
Зошто тестот покажува негативен резултат кога овулацијата е тука?...
Најчести грешки при воведување дохрана
Воведувањето на дохрана е голем чекор и за бебето и за родителите. Чес...
Како правилно се бања бебе, чекор по чекор?
Првото бањање на бебето често предизвикува возбуда, но и страв. Се пра...
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?