|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: Cacao potentia

Марина Кљајиќ Петковски, 14.6.2022
Cacao potentia го создадов прво за себе и за своето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и здрава исхрана

image
/11


Ви ја претставуваме приказната за неговото создавање и неговата креаторка, Валентина

Рингераја: Што претставува Cacao potentia?

Валентина:  Cacao Potentia e микс од ароматични и зачински билки земени од природата за да ја зголемат,подобрат, обноват Вашата сила, здравје и потенција. Potential (lat)-Моќ, сила, снага, јачина, животна сила, животворна сила, движечка сила.

Рингераја:  Која е приказната за неговото создавање? 

Валентина: Cacao Potentia е производ чија приказна се создава повеќе од 17 години. Желбата за потомство ја започна приказната. По две неуспешни бремености истражував како да ја оддржам бременоста и од се што осознав и научив настана Cacаo Potentia. Потребата за здравје ја зајакна и дообразувањето во областа на здрава, квалитетна и безбедна храна ја доврши приказната. Cacao Potetnia прво го создадов за себе, па за моето семејство и сега е достапно за сите кои се љубители на какао и на здрава храна и пијалаци. 

Рингераја:  Што содржи истиот?

Валентина: Cacao Potentia освен, какао, како главна состојка содржи уште девет други состојки, вкупно 10. Случајно излезе бројот на состојки да е 10 кое се совпаѓа со датата на моето раѓање и бројот на години колку немавме дете. Cacao Potentia e луксузна комбинација од внимателно одбрани ароматични и зачински билки сите со афродизијачко дејство. Производот како засладувач содржи стевиа, со што му се намалува калориската вредност. Поради низа околности на пазарот, во моментов не сите состојки во производот се од органско потекло. 

 

1

Рингераја: За кого е наменет?

Валентина: Cacao Potentia е наменет за сите љубители на здрава храна и на какао.

Поради брзиот начин на живот кој не ни остава доволно време за избор на храна, нејзина подготовка и правилно консумирање подготовен е овој микс со цел одеднаш да внесеме што повеќе квалитетни состојки со кои ќе го регенерираме телото и ќе можеме да одговоериме на сите обврски кои ни ги наметнува денот и модерниот начин на живот. 

Рингераја: Кои се придобивките од користењето?

Валентина: Придобивки од користење на Cacao Potentia има многу.

Тоа е богато со незаситени масни киселини, јаглехидрати, протеини, полифеноли кои се дел од моќна група на антиоксиданси и оневозможуваат оксидација на масните киселини во крвотокот а ја подобруваат еластичноста на крвните садови, ја подобрува циркулацијата, помага во одржување на здравиот мозочен систем, ја подобруваат мозочната циркулација и имаат поволни ефекти на способноста за концентрација, при учење и помнење или за време на напорни деловни преговори. Антиоксидансите ги намалуваат негативните последици од секојдневниот стрес, го јакнат имунитетот и го прави Cacao Potentia вистински еликсир на младоста . Состојките кои ги содржи Cacao Potentia ги стимулираат хемиските реакции во мозокот да произведуваат допамин кој побудува опуштање, удобност и чувство на среќа, радост и вљубеност.

Cacao Potentia ја регулира пробавата работата на желудникот и пружа чувство на ситост, па ја намалува потребата за внес на храна, од тие причини значајно е за регулирање на телесната тежина.

Богато е со железо, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, цинк бакар. Богато со витамини A, B1, B2, B3, C, Е, пантенонска киселина како и омега 3 и 6 масни киселини.

 

2

 

Рингераја: Какви се искуствата од корисниците?

Валентина: За сега сеуште е мал бројот на луѓе кои знаат за Cacao Potentia. Го користат и млади брачни парови, и деца, и спортисти, и од сите возрасти. Го консумираат за одржување на здравјето но и од здравствени причини. Но би сакала еден ден да стане светски достапен производ.

Cacao Potentia за сега го продавам со препорака на пријатели, на консументи и он лајн преку фб страната на Cacao Potentia

         
Рингераја: Каде може да се набави? 

Валентина: Не чувам количини на залиха, туку приготвувавм тазе при секоја нарачка. Сакам вкусот на состојките да се доживее на најдобар начин.

Рингераја: Која е препорачаната дневна доза и колкав временски период е препорачливо да се користи? 

Валентина:  Начин на употреба: Cacao Potentia со цел да ги задржи сите свои природни својства термички не се обработува (не се вари, не се пече).
1 кафена лажичка да се раствори во топло млеко,топла вода или растително млеко. Се препорачува да се испие и талогот. Cacao Potentia може да се додава и во смути, природно цеден сок, сутлијаш, слатки.
- Препорачана дневна доза:
- за оптимално здравје е 5gr или 1 кафена лажичка на ден, што е 24kcal
- за афродизијачки ефект е мин 6 месеци: 15gr или 3 кафени лажички на ден. Што е 63kcal
- Да се чува: затворено, на суво и темно место, заштитено од јаки мириси.
- Употребливо до: 3 години.

- Погодно за: вегани

 

3

Рингераја: И за крај, кој стои позади оваа успешна какао-приказна ? Покрај напитокот, се занимавате со фрактали. Што претставува оваа уметност? Како почнавте? Каде црпите инспирација? Каде ги продавате? 

Валентина: Јас сум Валентина Петкова Николовска, студирав правен факултет но не станав правник, завршив родови студии и сум земјоделски инжењер по квалитет и безбедност на храна. Со цел Cacao Potentia да биде научно поткрепен производ пред година ипол дипломирав на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на тема “Какао и какао пијалаци”.Каде посебен осврт е ставен на Cacao Potentia. За потребите на дипломската направив истражување на пазарот, и производ со ваков состав не постои на нашиот пазар па и пошироко. При факултетот направив и анализа на нутритивни вредности. Направив и неколку дегустации во Мк и странство. Благодарност до мојот ментор Проф.Д-р.Каракашова и останатите членови во комисија, и професори на факултетот што видоа потенцијал во овој производ.

Нутритивни вредности на : Cacao Potentia на 100gr/418kcal, јагленихидрати 59,6gr од кои шеќери 29,3gr. и растителни влакна 30,3gr., протеини 18,8gr., масти 11,6gr од кои заситени 6,9gr, и сол 0,1gr.

Низ историјата какаото се сметало како храна на Боговите и било достапно само за елитата. Денес ни е достапно на сите, па зошто не би се чувствувале и ние боговски!?

Практикувам здрава храна и аеробик.

Неуморна сум во творење и имам потреба постојано нешто да создавам.

Голем љубител сум на модата. Па со синчето Тимотеј кој има 12 години создаваме модни приказни кои ги објавуваме на

 Фејсбук и Инстаграм

Тој со својата бујна фантазија моите модни комбинации постојано ги споредува со за мене знајни и незнајни нешта и така се создаваат тие приказни.

Со сопругот Трајче рачно изработуваме картонски кутии. Кутиите се декоративни и служат како амбалажа. Благодарност до сите наши клиенти кои се одлучија да ги користат нашите кутии и во нив да ги пакуваат нивните производи. Па така сите заедно даваме мал придонес против загадувањето на околината.

Инспирирана од моја фб пријателка Весна Илиевска, која живее и работи на Бали, која ја објави техниката за цртање на фрактали, почнав и јас да ги цртам и тоа со украдени фломастери од синчето. Тоа е повеќе медитативна и психолошка техника. Па затоа си дадов слобода во изразувањето. Едноставно ги затворам очите, си мислам нешто убаво и шкрткам по листот, потоа бојам. Самиот цртеж ми го кажува името. Фигурите се појавуваат додека бојам. Понекогаш се чудам што се произлегува од шкртаниците и шарениците. Се обидов да нацртам и 3Д цртеж и цртеж во еден потег со рака. Од скоро моите цртежи почнав да ги врамувам во картонска рамка (еколошка) и истите да ги печатам на торби за долготрајна употреба, на чаши, маици, чадори. Фотографиите од производите ги објавувам на мојот фб профил и продажбата оди преку мојот фб профил.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Направете најубави Велигденски украси!
Идеи за брза Велигденска декорација
9
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
4
Фризури за долгата коса на вашата ќерка
Секоја мајка сака нејзината ќерка да изгледа како принцеза секој ден. Грижејќи се за секој детал на својата ќерка, мајка...
3
Јавно запросување во квизот СЕ ИЛИ НЕШТО
Уште едно храбро момче јавно ја запроси својата девојка. Овој пат тоа се случи во студиото на најголеданиот квиз „ Се и...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?