|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Научете го детето да заспие само

Редакција Рингераја, 23.10.2022
Овој план се базира на методот кој го развил Др. Ричард Фербер во својот центар за нарушувања во спиењето, во Детската болница во Бостон. Вашето дете нема да биде воодушевено од овој план, тоа мора да го знаете пред да почнете
Клучни зборови:

image
Спиење
/11


Значи, детето ќе плаче, но разликата е во тоа што плачењето ќе биде подносливо, бидејќи од родителите ќе добива доволно внимание, кое ќе ја смири неговата вознемиреност. Друг важен момент е дека со плачење нема да го добие тоа што го сака, па и заради тоа ќе престане да плаче.

 

Планот е следен:

  • Одредете разумен ритам на активност на детето: кога треба да јаде и кога треба да спие. Секогаш во исто време ставајте го детето во кревет.
  • Сите видови на “помош” кои досега сте ги користеле за заспивање на детето (нишкање, шишенце, доење, стоење покрај креветлето, држење за рака...) потполно изоставете ги. Одвојте ги тие активности од спиењето, односно поместете ги за половина час порано.
  • Пред да го легнете детето, поминете пријатно време заедно. Веднаш по завршувањето на тие активности, сместете го детето во креветче будно, посакајте му добра ноќ, бакнете го и излезете од собата.
  • Бидејќи искуството – лежење сам и буден во креветче е потполно ново и непознато искуство за вашето дете, сигурно е дека тоа ќе почне веднаш да плаче, очекувајќи да се вратите и да му помогнете да заспие. Вие тоа секако не треба да го направите веднаш, туку да се држите до овој распоред.
  • Планот почнува со чекање три минути.
  • Гледајте на час. Ако се раководите од чувството за време, ќе го направите тоа по една минута. Вратата од детската соба во тоа време може да биде затворена или отворена.
  • Ако детето плаче и по истекот на трите минути, влезете во собата. Утешете го со зборовите “Мама/тато е тука”. Се е во ред. Спиј. Обраќајте му се со мирен и сталожен глас. Никако не го земајте во раце и не го утешувајте со шишенце, цуцла, доење. Исто така детето не треба да заспие во ваше присуство. Целта на вашето влегување е да го смирите, да му кажете дека се е во ред, дека сте тука за него, но дека трерба да спие во своето креветче. детето треба да почувствува сигурност, мир и топлина, но и одлучност. Ни случајно немојте да го карате или да викате. Морате да разберете дека детето е вознемирено бидејќи е соочено со нова ситуација, па не треба дополнително да го вознемирувате.
  • По истекот на двете минути излезете од собата, без оглед на тоа дали детето се смирило или не. Сега чекајте малку повеќе, пет минути, Потоа влезете и повторно смирете го за кратко, па излезете. Чекајте седум минути додека повторно не се вратите, потоа уште еднаш седум минути, па девет минути. И така додека детето не заспие.
  • При секое влегување бидете сталожени и смирете го детето, но не покажувајте вознемиреност или лутина, колку пати и да влегувате.
  • Кога детето ќе види дека не го добива тоа што го сака, може да се налути и да почне да вришти. Тогаш влезете. Колку е плачењето посилно, толку пократко задржувајте се. Влегувајте во точно време, за детето да не се чувствува напуштено.
  • Влегувајте само ако детето плаче. Ако само кенка, или мрмори тогаш почекајте, можеби постепено ќе се смири.

 

Не го спроведувајте овој план на бебиња помали од шест месеци, како ни на деца кои ќе се разболат, имаат температура или слично. Исто така, ако планирате да се селите или да одите на одмор, одложете го планот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
10 вкусни овошни кашички за бебе
Направете сами сладок оброк за своето бебе! Домашните кашички се повкусни, поздрави, поевтини. Еве неколку предлози...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4
Пертусис
Пертусис (или голема, магарешка кашлица) е болест која се јавува какорезултат на инфекција на грлото со бактеријата Bord...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?