|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Научете го детето да плива

Редакција Рингераја, 13.6.2012
Летото е вистинска можност да го научите своето претшколско дете да плива. Првиот чекор е привикнување на детето на водата

image
/11


 

 

За да можете полесно да го привикнете детето на водата, пожелно е да користите реквизити како што се топче за пинг-понг, хулахоп, или некои предмети или играчки со кои детето обично си игра. За пример ќе Ви дадеме неколку вежби за привикнување:

 

  • Кога детето ќе се бања во када нека се обиде со двете раце да заграби вода и да не и дозволи на водата да му влезе во уста. Ако му влезе, да се обиде да прави балони со неа.
  • Кога детето е во базен, нека се обиде да го дува топчето за пинг-понг кое се наоѓа на површината на водата.
  • Обидете се заедно со детето длабоко да вдишете воздух и да влезете под површината на водата, додека целата глава не Ви биде под вода.
  • Обидете се да ја направите истата вежба од кадата. Нека детето прави балони од водата која му влегува во уста.
  • Кога во тоа ќе успеете, детето нека се обиде под вода да ги отвори очите и да Ви каже  колку прсти на рацете сте му покажале.
  • После тоа нека се обиде да занурка под обрачот кој го поставивте во водата.
  • Кога тоа ќе го совлада обидете се да го легнете на површината на водата и држете го се додека само не се научи да лебди, односно да го одржува телото на површината. Нозете полека ќе му тонат. Пожелно е детето да го научи ова пред на научи да плива. Доколку чувствува страв ставете му на рацете мускули, кои ќе му помогнат полесно да се одржува на водата.
  • Кога ќе го совлада лебдењето на грб, обидете се да го научите да лебди на градите. Откако ќе вдиши воздух, легнете го на градите и држете го. Постепено одвојувајте ги рацете од телото, додека не научи самостојно да лебди.
  • Лебдењето на гради е можеби најважната вежба без која детето не може да напредува. Откако ќе го научи тоа нека се отфрли со нозете од ѕидот, или од дното на базенот и нега се обиде да заплива во таа положба.
  • Со оваа вежба завршува основното привикнување на водата. За детето да се чувствува сигурно, пожелно е да се обиде да изведе неколку скокови од вода во вода, или скок на нозе од некоја површина блиска до водата. Додека го прави тоа нека испушта меурчиња од устата. Тоа нека го направи без бришење на лицето, за побрзо да се навикне на водата.

 

БИДЕТЕ  ДО  ДЕТЕТО  И  НЕ  ГО  ИСПУШТАЈТЕ  ОД  ВИД  ДОДЕКА  Е  ВО  ВОДА!

 

Автор: Проф. Др. Горан Леко

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Електронските уреди и децата
Во дигиталната ера, електронските уреди како смартфони, таблети, компјутери и телевизори станаа неизоставен дел од секој...
4
Децата и стравот од летање
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживување, но за други вистински кошмар.
4
Мали гурмани
Умерена дебелина кај децата е нормална под услов децата да се хранат здраво и со разновидна исхрана.
3
Зошто девојчињата треба да спортуваат?
Зошто девојчињата да спортуваат? Ќе речете за да бидат физички активни, и ќе бидете во право. Да се забавуваат? И тоа е ...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?