|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На гости кај Надица Фирфова

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Денес матичните клетки од папочна врвца успешно се користат за третман на повеќе од 70 заболувања од крвно потекло и повеќе од 15 заболувања од друга природа.

image
/11


Матичните клетки се револуционерно достигнување, инвестиција во иднината на вашето дете, една сигурност која ќе ви даде помирен сон.

 Надица Фирфова е една од многуте родители кои матичните клетки од папочната врвца на своето дете ги зачувала во Cryo-Save, чиј ексклузивен застапник во Македонија е Би-Мек.

 Надица има 36 години, дипломиран преведувач по англиски јазик. Вработена во издавачката куќа “Просветно дело” – АД Скопје, како уредник на детски преводни изданија и учебници за странски јазици. Мајка на едногодишниот син Филип.

 * Како дознавте за можноста за зачувување на матичните клетки? Дали постоеше двоумење или пак веднаш се одлучивте за ваков потег?

За можноста за зачувување матични клетки дознав преку интернет и некои списанија специјализирани за бебиња, но со сопругот добивме поисцрпни информации од гинекологот кој ја водеше мојата бременост. По еден таков разговор кај нас воопшто не постоеше двоумење дали да ги зачуваме матичните клетки од нашето бебе. Всушност бевме среќни што постои оваа можност, што ќе му овозможиме на детето една сигурност во однос на неговото здравје во текот на животот.

 * Кое е вашето мислење за можноста за зачувување на матичните клетки?

Сметам дека со појавата на оваа современа технологија на зачувување на матични клетки, многу новороденчиња се обезбедени со драгоцен материјал што во краен случај некогаш би можел да им го спаси животот или во најмала рака да придонесе за поквалитетен живот во случај на евентуално заболување кое може да се излечи со помош на матичните клетки.

 * Зошто се решивте да ги зачувате матичните клетки од папочната врвца (наследни болести во семејството или лично како превентива)?

Најмногу заради превентива. Народски кажано за “не дај Боже”. Лично јас би била најсреќна нашето дете или нам, како негови родители никогаш во животот да нема потреба да ги искористиме матичните клетки. Сепак, никогаш не се знае.

 * Зошто баш Cryo-Save?

Cryo Save е референтна институција за презервација на матични клетки со најголемо реноме во Европа. Мислам дека треба да сме задоволни што Cryo-Save имаат свое претставништво и кај нас во Македонија.

 * Колку сте задоволни од услугата и стручноста на персоналот од Би – Мек?

Претставништвото на Cryo Save, односно Би-Мек е професионално ориентирана фирма со стручен кадар. Ние сме навистина задоволни од третманот на кој наидовме, но и конкретно од услугата - односно навремено и безбедно доставување на матичните клетки во банките во Белгија и Холандија, како и навремено добивање уредна документација за целата постапка.

 *Би-Мек на нашиот интернет медиум Рингераја.мк изработи рубрика за информирање на идните родители за матичните клетки. Кое е вашето размислување за оваа рубрика и воопшто за најголемиот интернет медиум за трудници и родители Рингераја.мк?

Многу ми е драго што Би-Мек ја изработија рубриката за матични клетки, бидејќи на овој начин многу родители ќе се информираат за можноста да се зачуваат матичните клетки, а особено за можностите што се нудат со таа презервација. А за порталот Рингераја имам само пофални зборови затоа што има многу интересни форуми и секакви информации што се од корист за родителите.

 * Вашата порака до сите кои се размислуваат или двоумат да ги зачуваат матичните клетки од своето новороденче?

Мојата препорака до сите оние кои се двоумат дали да ги сочуваат матичните клетки од нивното новороденче е да го сторат тоа, бидејќи медицината и технологијата многу брзо се развива, па така еден ден употребната вредност на тие клетки може да биде зголемена. Ова особено важи за семејствата кои имаат историја на наследни болести. Мислам дека животот на децата е нешто најсакпоцено и вреди да се обезбеди што е можно повеќе.

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост 10-та недела
Време е за прва 4Д фотографија на Вашето бебе
6
Anushka: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Големина и волумен на стомачето на новород...
Во прилог е илустрација на приближната големина и обем на стомакот на новороденче во првиот, третиот, седмиот ден и на е...
3
Срцева акција
Срцето вообичаено чука околу 113 пати во минута.
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?