|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мојата сестра близначка е џуџе

Редакција Рингераја, 10.2.2012
Криси Бернал, мајката на Сиена и Сиера, во шестиот месец од бременоста беше известена дека носи близнаци – Сиена беше толку мала што не можеле да ја видат на претходните ехо снимки

image
/71


 

 

По шестата година од нејзиното раѓање, на Сиена и беше дадена дијагноза вроден џуџест раст, нарушување кое значи дека нејзиниот раст ќе биде помал од оној на останатите нејзини врсници.


Сега, 13 годишната Сиена,  е само 122 сантиметри висока, додека нејзината сестра близначка Сиера е со височина од 152 сантиметри. Во иднина нивната висина се повеќе ќе се разликува, заради фактот дека со доаѓањето на годините Сиена нема да порасне повисока.


Русокосите, синоооки тинејџерки обожаваат шопинг, шминка и трачарење за момчињата. Но заради ретката абнормалност на мозокот, Сиена има способност за учење како 8-годишник. Сиена вели: не ме загрижува тоа што сум различна, всушност тоа е она ме прави посебна. Сиера и јас се дружиме заедно, одиме на шопинг, пливање и пеење. Таа понекогаш ми наредува, но исто така ме учи како да флерувам со момчињата, ме брани, и ми помага кога не можам да дофатам некои предмети оставени на високо.


Сестрите се родени три месеци порано, а тежината на Сиена била нешто повеќе од еден килограм.
Докторите ја предупредиле мајката Криси, дека Сиена има само 10 проценти шанси да преживее. Но само по 108 дена неонатална интензивна нега, Сиена беше подготвена да им се придружи на семејството во нивниот дом во Хјустон, Тексас.


Кога Сиена имаше 6 години и беше дијагностицирана ретка форма на вроден џуџест раст, која ја имаат околу 200 луѓе во светот. А Сиена е единствената со овој синдром, која има сестра близнак со нормална големина.
Криси  живее со нејзините ќерки, нивниот очув Џои и неговиот 17 годишен син Остин. Таа вели: Сиена беше 5 недели поназад со развојот и ни велеа дека можеби нема да преживее, но јас одбивав да верувам во најлошото. Имав царски рез во 34-тата недела. Беше страшно, девојчињата беа малечки, а Сиена личеше на вонземјанин. Имаше голема глава и нејзината кожа беше проѕирна. Можеше да се држи во една рака, носеше пелени кои беа помали од iPod, и и' купувавме облека за кукли.


Сиена беше толку мала што можеше да се стави прстен околу нејзината рака. Таа веднаш беше направена операција со која и беше корегирана вродената срцева мана. По надминувањето на хроничното пореметување на белите дробови, ни дозволија да си ја земеме дома.


На Сиена и е потребна уште една операција за исправање на 'рбетот и коските во нејзините уши се толку мали, што мора да носи апаратче за слушање.


Таа зема посебни часови и оди во истото училиште со нејзината сестра, каде зема часови по теквундо, хип-хоп танци и мажуретки. Минатата година сестрите исто така беа на натпревар за убавина.


Криси вели: Сиена не дозволува тоа да влијае на неа, кога доаѓа дома обично извикува ”Џуџе во куќата!” Понекогаш се растажува бидејќи не може да игра одбојка со Сиера и заради момчињата кои не покажуваат интерес да ја вклучат во играта.


Сиера вели: На повеќе начини Сиена е како мене, но помала. Како и секоја сестра  и таа досадува, особено кога ја краде мојата облека, иако моите блузички нејзе и се до колена. Но јас секогаш ќе ја заштитувам. Кога ја задеваат на училиште им велам дека тоа не е во ред.


Нивната мајка Криси додаде: како што Сиера станува се' понезависна, се грижам дека тоа ќе влијае на Сиена. Одењето во шопинг сама нема да биде безбедно за неа, бидејќи е многу мала. Но се обидувам да ги третирам подеднакво. Сиена има голема страст кон животот и сите ги засмејува. Јас сум многу горда на двете мои девојчиња.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ранко Рајовиќ:Детскиот мозок се развива со...
Доктор Ранко Рајовиќ е лекар, невроендокринолог, основач на „Никола Тесла центар (НТЦ) – отсек за млади таленти“ , кој...
4
Покачен ЦРП кај деца
Иако многу родители не го знаат значењето на скратеницата CRP, тие се свесни дека неговите вредности можат да покажат да...
4
Премиерот со сопругата и ќерките на "С...
Премиерот Никола Груевски и сопругата Боркица денес ги однесоа своите ќеркички Анастасија и Софија во Македонската опера...
3
KidzOmegaTM
KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
2




Анкета

без ОСЕТ
daki

Ако имате мало дете и во вашата куќа свекорт и свекрвата ја викаат другата внука на гости да ја почуваат, покрај тежината на вашето дете ВИЕ........

ќе ќутите и помагате (33%)

ќе си одите кај мама додека ја /го чуваат др внук/а (23%)

ќе се нервирате зошто толку гужва а не сте си слободни со вашето дете (18%)

не сте должни да чувате (18%)

ќе се скарате со таа што го пуштила (1%)

или нешто друго пишете во коментари молам? (6%)


Број на сите гласови: 87

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!