|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Моето срце надвор од моето тело

Редакција Рингераја, 11.11.2025
Се случуваат моменти во животот, најубавите се тоа, кога чувствувате дека сe што сте, вашето битие, вашата љубов и вашиот здив одеднаш живеат во друго суштество.

image
Фото:Canva/Сe што сте е преселено во мал пар очиња што ве гледаат со бескрајна доверба.
/11


Тоа е моментот кога станувате родител. Од тој миг, вашето срце повеќе не чука само за вас и не е само ваше. Тоа оди, трча, плаче, се смее, а вие заедно со него, надвор од твоето тело.

 

Кога првпат ќе го држите своето дете во раце, светот престанува да биде апстрактен. Сè добива смисла, тежина и нов редослед на приоритети.
Стравот од многу прашања, неизвесности и предизвици станува посилен, но и љубовта пак расте во мера која не сте ни знаеле дека ја има.
Сакате да го заштитите од сè, иако знаете дека дел од вашата задача е да го пуштите да расте, да падне, да стане, да научи, да стане своја личност. А вие сепак ќе сте покрај него целиот свој живот.

 

Да се биде родител не е улога, туку целосна трансформација.
Одеднаш сфаќате дека мало суштество, вашето дете е сега центарот на универзумот.
Секој избор, секоја мисла, секоја надеж ќе ја мерите низ неговите очи.
Кога тие се смеат, сонцето изгрева и во најтемниот ден. Кога плачат, светот застанува.

 

Има вечери кога ги гледате како спијат и се прашувате:
„Како е можно ова мало суштество да е дел од мене, а сепак толку бескрајно свое и самостојно?“
Во тие моменти, сфаќате дека љубовта е таа емоција која не се мери со збор туку со своето присуство. Љубовта е нежното покривање со ќебе во зима, трпеливото слушање на детските приказни, погледот што вели „сè ќе биде во ред“ и кога не сте сигурни.

 

Родителството е едно чудесно патување. Патување на кое многу учите, гледате се што претходно не сте виделе. Полнo со стравови, со бесони ноќи, но и со најтопли утра.
И додека годините минуваат, сфаќате дека најголемата лекција не е како да ги учите децата да живеат, туку како тие вас ве учат што навистина значи животот.

 

Вашето дете е вашето срце. И тоа е најубавата болка, најнежната вистина и најдлабоката љубов што човек може да ја почувствува.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Синот на Тамара наполни една година
Среќен роденден ДАРЕН!!!
4
Зошто бебињата плачат веднаш по раѓањето?
Плачот е првата „порака“ што новороденчето му ја испраќа на светот. За родителите, тоа може да звучи вознемирувачки, но ...
3
Што значи да си „функционално“ семејство д...
Во свет полн со брзо живеење, стрес и постојани промени, поимот „функционално семејство“ повеќе не се мери со тоа колку ...
3
Како до мирен сон за бебињата и мајките?
Кај младото доенче најчестата причина за вознемиреност и плач се инфантилните колики кои се јавуваат при крајот на првио...
3




Анкета

Име за девојче
lp136

Кое име за девојче најмногу ви се допаѓа?

Анастасија (45%)

Анабела (21%)

Ангела (34%)


Број на сите гласови: 243

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!