Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Можете да се заразите со грип од вакцината
Ова е многу распространет мит. Но всушност според експертите е апсолутно неточен. Новите методологии, по кои се прават вакцините не содржат живи клетки на вирусот и не можат да ве разболат.
Погрешното верување произлегува од фактот дека на телото му требаат околу 2 недели, за да успее да изгради антитела против соодветниот патоген. Во тоа време организмот не е заштитен и потенцијално сте изложени на инфекција.
Млади и здрави луѓе не треба да се плашат од грипот
Обично сме навикнати да слушаме дека децата, постарите и хронично болните се најзагрозени од грипот. Ова повторно не е точно. И покрај доброто здравје, грипот може да предизвика сериозни симптоми кај еден инаку здрав човек.
Дури и да не станува збор за висок ризик, тој сепак постои.
Грипот вклучува и гастроинтестинални симптоми
Гастроинтестиналните нарушувања се вообичаени компликации при грип. Но вирусите кои се причина за појава на гастроинтестинални проблеми се од сосема друга група и кај нив нема манифестација на компликации во дишните патишта. Овие вируси не се грип.
Бремените жени не можат да примаат вакцина против грип
Последните истражувања покажуваат дека може. Покрај тоа, експертите сметаат дека ако е правилно аплицирана и во вистинско време, вакцината би му помогнала дури и на бебето да се заштити од вируси во првите месеци од животот.
Антителата кои се формираат, го заштитуваат бебето по раѓањето и продолжуваат да се излачуваат во неговиот организам преку мајчиното млеко.
Доволно е да ги миете рацете, за да спречите инфекција
Тоа несомнено е важно. Хигиената на рацете е меѓу најважните работи за кои човек треба да се грижи. Но, во случајот само таа не е доволна. Грипот се шири главно по воздушен-капков пат и затоа предвидувањето на доволно растојание при контакт со заразен, треба да е приоритет.
Измијте си ги рацете редовно, но и покрај тоа избегнувајте контакт со лицето, очите и устата.
Антибиотиците се борат против грипот
Многу луѓе прибегнуваат кон употреба на антибиотици, за да оздрават побрзо. Тие немаат апсолутно никакво влијание врз вирусите. Антибиотиците делуваат само против бактериски инфекции.
Не трујте го организмот со овој вид лекови. Штом ќе почувствувате дека се разболувате, консултирајте се со доктор. Оставете го имунолошкиот систем да се активира адекватно.
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...
Исхрана за подобра плодност после 30-тите
По 30-тите, грижата за репродуктивното здравје станува уште поважна. ...
Пред двете цртички, не заборавајте на фолната киселина
Грижата за здравјето на идното бебе започнува уште пред да се појават ...
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...