namesp во 10:11
Мистерија на плодовата вода
Редакција Рингераја, 3.5.2012
Навистина, плодовата вода делува како чудесна и мистериозна течност во која бебето се развива и расте, од статус на ембрион – до самото породување. Во топло опкружување, заштитено од надворешни негативни фактори, опкружено со сите материи кои се неопходни за правилен развој “нивните мали височества” го поминуваат времето во плодовата вода, до моментот кога за прв пат ќе го здогледаат светот.
Плодовата вода го следи развојот и потребите на плодот, а нејзината улога и значење се честа тема на трудниците. Што навистина се случува во амнионската течност од моментот кога жената ќе остане бремена, па се до породувањето кога трудниците за прв пат ќе се сретнат со бебето и со плодовата вода, ни објаснува гинекологот Др. Наташа Караџов Орлиќ.
Зошто е важна плодовата вода?
Плодовата вода има заштитна улога во амнионската празнина. Неопходна е за мускулен и скелетен развој, како и за гастроинтестинален и белодробен развој на плодот, ги олеснува неговите движења, го штити од удари, од трауми врз стомакот на мајката и ја спречува компресијата меѓу папокот и ѕидот на материцата. Покрај тоа, го штити плодот од инфекции и претставува резервоар на течности и нутритиенти, неопходни за правилен раст и развој.
Како се однесуваат бебињата во плодовата вода?
Плодот нормално голта плодова вода и тоа претставува еден од начините за нејзино елиминирање. Плодот прави и покрети на дишење, но дише преку гасовите кои стигнуваат со крвта преку папочната врвца.
Како се проверува дали бебето има доволно плодова вода?
Количината на плодова вода расте со развојот на бременоста. Во 10. недела на бременост изнесува околу 25 мл, во 20.недела околу 500 мл, за нејзината количина во терминот за породување да изнесува меѓу 750 и 900 милилитри. Гинекологот-акушер со помош на ултразвучниот преглед рутински ја мери и количината на плодовата вода. Заради полесна ориентација се користи индекс на плодовата вода, или Amniotic fluid index (AFI) – кој при нормална бременост се движи од 90-190 cm.
Дали трудниците можат да поттикнат адекватна и доволна количина на плодова вода?
Препорака за сите идни мајки е да внесуваат три литри вода дневно, со нормален внес на храна, што подразбира супи, сокови, вода и слично.
Дали е опасно доколку дојде до недостаток на плодова вода?
Олигоамнион или недостаток на плодова вода се дефинира доколку индексот на плодова вода е под 50 cm. Во тој случај се советува хоспитализација, како и хидратација и лечење со антибиотици. Во некои случаи е потребна амниоинфузија – додавање на плодова вода, како и терапија со стероиди, за побрзо созревање на белите дробови на фетусот. Како што е наведено, зголеменото внесување на течности, ќе го зголеми индексот на плодова вода.
Зошто и како може да се додава плодова вода во текот на бременоста?
Амниоинфузијата претставува медицинска процедура која се темели на вбризгување на физиолошки раствор во амнионската празнина. Таа процедура досега најчесто се користела во тек на породувањето, во цел да се намалат болките на плодот. Во дијагностички цели се користи при потполн или критичен недостаток на плодова вода.
Како се лечи вишокот на плодова вода?
Полихидрамнион или зголемена количина на плодова вода, се дијагностицира во тек на ултразвучниот преглед кога индексот на плодова вода – AFI е поголем од 240 cm. Заради прерастегнатост на материцата можат да се појават знаци на предвремено породување, па се советува хоспитализација. Во некои случаи се советува амниодеривација – одземање на одредена количина на плодова вода, терапија која спречува појава на контракции на материцата и лекови кои помагаат во созревањето на белите дробови на плодот.
Дали амниоцентезата е ризична постапка?
Амниоцентезата е медицинска процедура која се користи во пренатална дијагноза на хромозомски абнормалности, фетални инфекции и испитување на зрелост на фетусот. Со цел дијагностицирање на хромозомски абнормалности се земаат 20 мл. плодова вода, која се испраќа на цитогенетска анализа. Како и секоја медицинска процедура и амниоцентезата има извесен процент на можни компликации кој изнесува 0,7%. Можни компликации на амниоцентезата се: благо крварење 1-2%, хориоамнионитис – воспаление на обвивките на плодот – 0,001% и спонтан абортус – помалку од 0,5%
Следете не на Инстаграм
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...

...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
