namesp во 10:11
meU87: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 29.10.2012
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: meU87
Датум на породување:
Тип на породување: царски рез
Болница:
Додека нашата принцеза спие, ќе се потрудам да напишам како помина нашето патешествие кога дојде денот Д.
Иако ми доцнеше циклусот, бев убедена дека ќе добијам, но чисто онака, демек за да си потврдам на самата себе зедов тест, кој не го направив веднаш туку чекав 4 дена, зошто имав слабо крварење кое наликуваше на почеток на циклусот. Додека онака релаксирано чекав да поминат 5мин, се средував во купатило кога случајно ми застана погледот со неверување кон двете линии.
Во тој момент не знаев дали да се радувам, да плачам, да се смеам... милион помешани емоции имаше во мене. Бев сама, му се јавив на сопругот, кој за помалку од 20мин беше дома. Следеа неколку дена во бунило, први контроли... по што полека се стануваше се по реално.
По прилично тешката бременост, проследена со повеќе компликации, континуирани крварења, лежење, на крај и висок притисок, конечно стасавме до 37недела.
Имав уште цели три недели до терминот, но од самиот почеток на бременоста чувствував дека се ќе се случи многу побрзо.
Сабота, прекрасен ден, викенд, скара, друштво, јас раздвижена, конечно, се чувствував по слободно, зошто стасавме до 9ти.
Тој ден бебушка беше навистина многу немирна, скоро да не застана. Заврши денот, како и секоја вечер пред тоа , сопругот ме измасира и веќе бев потоната во сон, кога почувствував дека нешто од мене тече. Станав и веќе беше јасно, водењакот пукна.
Иако знаев дека ќе биде пред терминот, не очекував баш денес, а тоа ме вознемири доста. Се подготвив и отидовме во болница, ме примија и за 20мин ја ставија првата провокација. Почнаа болки на 5мин, но издржливи, си мислев ако биде вака добро е. После втората провокација болките беа појаки и на 3мин, јас отворена 6 прсти. На третата провокација почнав да чувствувам неиздржливи болки во кичмата, а цтг-то ништо не регистрираше. Почна притисокот да се качува, а наредните 7часа не се отворив ни сантим повеќе.
Така издржав уште еден преглед на кој беше констатирано дека ќе се оди на операција. За 10мин ме подготвија и веќе бев во операциона сала.
Кога се разбудив, прашав колку се родила малата, а информацијата за тежината од 2490гр. страшно ме вознемири, но сето тоа било резултат на притисокот.
Од болница излеговме со 2550гр, а сега за 9дена сме веќе напреднати и имаме 300гр повеќе, тежиме 2850гр.
Уште се прилагодуваме една на друга, но добро ни оди.
Сите викаат се се заборава. Јас навистина не знам како е тоа можно, јас не можам да заборавам, а искрено не верувам дека некогаш ќе заборавам и дел од тоа што остана зад нас. Но, знам дека се што помина сега не е важно, зошто едно ангелче, најмилите очи на светот се до мене постојано, ме гледаат , ме бараат кога е време за јадење, а со душа чекам да почнат и насмевките.
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
