Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Природен и вкусен лек
Отпорноста кон лекови, во прв ред кон антибиотиците, во последните години е се почеста, а тоа наведува се поголем број луѓе да побараат помош во традиционалните начини на лечење од природата. Еден од најомилените природни лекови, а воедно и вкусна намирница, е медот. Освен што е природен извор на енергија, медот е и биолошки вредна храна за сите возрасти.
Медот - лек против стомачни тегоби и анемија
Во текот на едно мексиканско истражување врз пациенти кај кои е потврдено присуство на бактеријата Helicobacter pylori, гастроентеритис или анемија, испитаниците земале по 30 ml мед, три пати дневно. На 66% од испитаниците со гастроентеритис значајно им се намалиле симптомите, а кај 50% од испитаниците кои боледувале од анемија состојбата се подобрила. Докажано е дека медот го намалува лачењето на желудочната киселина.
Антибактериско дејство на медот
Медот делува антибактериски благодарејќи на високиот процент на глукоза, која по пат на осмоза ја вшмукува водата од бактериските клетки и на тој начин ги дехидрира и уништува. Со оксигенација на гликозата се создава водороден пероксид кој е силен инхибитор на бактерискиот раст.
Медот при лечење на рани
Со нанесување на медот на рана, во тек на 7 - 10 дена, се постигнува стерилност на раната, а со тоа и побрзо зараснување. Но, за да се постигне тоа, потребно е облогот со мед редовно да се менува зависно од секретот на раната (ако има повеќе секрет, тогаш е потребно почесто менување на облозите). Најпрво се подготвува раствор од мед во однос 1:20 (1 дел вода, 20 дела мед) па се нанесува растворот на стерилна газа која ќе се поставува на раната.
Лажица мед за добар сон
Истражувањата на Државниот универзитет од Пенсилванија покажале дека една лажица мед пред легнување овозможува квалитетен сон, а во случај на настинка и кашлица успешно ги ублажува тегобите. Својствата на медот слабеат на високи температури.
Важно е да се напомене дека лековитите својства на медот слабеат па дури и потполно се губат со изложување на медот на светлина и топлина. Затоа медот на смее да се вари ниту да се додава во врели чаеви, млеко или кафе.
д-р Љубица Миќуновиќ
доктор на медицина
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Почнува сезоната на настинки, кога кивањето и кашлањето стануваат дел ...
Затворете очи само за момент и замислете го вашето идно јас. Не некаде...
Шест знаци дека срцето старее побрзо од вас
Нашето срце не старее секогаш во исто темпо како и остатокот од телото...
Иднината што ја сонува твоето срце
Понекогаш најважното прашање што можеме да си го поставиме не е каде с...
Технологија, надеж и живот - сe за чудото наречено IVF
Ин витро фертилизацијата (IVF) е едно од најголемите достигнувања на с...
Бремена
пеперутка16
Кога почна да ви се гледа стомакот? Кога почнаа да ве гледаат како да сте бремена и да ве прашуваат за вашата бременост?