Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Рожницата е провидниот преден дел од окото, кој ги штити осетливите структури под неа и помага во фокусирање на светлината. Но, заболување или повреда можат да доведат до нејзино заматување, оштетувајќи го на тој начин видот. За жал, бројот на рожници за трансплантација е многу ограничен.
Тим научници од САД употреби матични клетки од папочна врвца за да третира лабораториски стаорци со абнормално тенка и заматена рожница. Студијата на универзитетот од Синсинати беше презентирана на Конференцијата на Американското друштво за клеточна биологија. Глувците биле одгледувани така да им недостига неопходниот протеин за создавање и одржување на транспарентноста на рожницата.
Клетките, познати како мезенхимални матични клетки од папочна врвца, имаат способност да се претворат во било која, од широката палета на специјализирани клетки. Тие стекнаа карактеристики на нормалните клетки на рожницата, наречени кератоцити.
По трансплантацијата, значително се подобри дебелината и провидноста на рожницата на животните.
Лесни за изолација
Предводникот на тимот – д-р Винстон Као рече дека за разлика од донираните рожници, резервите на мезенхимални матични клетки за трансплантација се речиси неограничени.
Тој вели дека нивната изолација од папочната врвца е едноставна. Тие може успешно да се одгледуваат во лабораторија и лесно да се зачуваат во течен азот. Д-р Као изјави „Транплантацијата на рожница е во момeнтов единствениот лек за враќање на видот, изгубен поради лузни на корнеата, инфекција, механички и хемиски повреди и вродени дефекти, заради генетски мутации.
„Насекаде во светот постои недостаток на рожници за трансплантација. Овие сознанија водат до пронаоѓање на нови и подобри третмани и поквалитетен стил на живот за пациентите со нарушен вид, како резултат на повреди на рожницата.“
Д-р Брус Алан, хирург офталмолог-консултант во Болницата за вид Moorfields во Лондон, изјави : „Достапноста на клетки, од кои, по пат на ткивен инженеринг би се создале рожници, може во иднина да претставува алтернатива на конвенционалната трансплантација. Рожницата е релативно едноставен орган и клеточните терапии, вклучувајќи ги и оние кои се базираат на мезенхимални матични клетки би требало да бидат успешни. Но, во нормални околности, барем засега, трансплантацијата продолжува.“
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на нежната масажа кај бебињата
Нежната масажа кај бебињата е повеќе од пријатен момент за вашето бебе...
Мирисот на бебе, меморија што никогаш не бледее
Постојат спомени што ги носиме како слики, други како зборови, а некои...
Брзо темпо на живот и нередовни оброци
Современиот начин на живот често подразбира постојана брзање, многу об...
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?