|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мамичке и мене ме боли главата...

Редакција Рингераја, 1.11.2012
Главоболката не е резервирана само за возрасните. За жал, таа се јавува и кај децата помали од седум години

image
/11


 

 

Што може да предизвика главоболка кај децата?

Постојат голем број фактори кои можат поединчено, икли во комбинација да предизвикаат главоболка кај децата – од невролошка или не невролошка природа. Доколку главоболката не е поврзана со невролошка природа, често е поврзана со акутни респираторни инфекции, покачена температура воспаление на увото, синуси или анемија.  Интересно е што дури и уринарните инфекции кај децата може да предизвикаат главоболка. Главоболката може да настане и како резултат на емоционална напнатост под чиј притисок е детето подолго време. Исто така може да биде реакција н а лекови доколку детето се лечи од некои други болести (на пример астма). Недоволно спиење или внесување на мала количина на вода во текот на денот, може да предизвика главоболка. Доколку постои семејна историја на главоболки, се зголемува можноста и детето да страда од такви болки. Повредите на главата исто така може да предизвикаат главоболка.

 

На која возраст може да се јави главоболка?

Тоа може да биде многу рано. Секако, потребно е говорот да биде развиен за детето да може да Ви каже дека нешто го боли, а тоа е 2-3 година од животот. За да се открие причината за главоболка, најважна е опсервацијата на родителите или блиските лица, кои може да воочат дали и кога детето се жали на главоболка и дали навистина ја има, или тоа жалење е начин да привлече внимание.

 

Дали и децата може да имаат мигрена?

Секако. Мигрената може да се јави зачудувачки рано кај децата. Додека е доенче, или во втората година од животот детето може да има симптоми кои укажуваат на мигренозни болки. Најчести симптоми се нестабилност при движење, вртоглавица, болки во стомакот, повраќање раздразливост, изненадно заспивање...Се јавуваат одеднаш, траат извесно време, а потоа престануваат. Почесто се јавува кај момчињата отколку кај девојчињата.

 

Дали на децата треба да им се даваат лекови против главоболка?

За да се дијагностицира било кој вид на главоболка, потребен е одреден период на опсервација од нерволог, што обично трае четири до шест недели. Тоа е период во кој родителите водат дневник на главоболки и ги опишуваат сите промени поврзани со однесувањето на детето и ситуациите кои претходат на појавата на главоболка. Потребно е на детето да му биде даден лек против болка, бидејќи не е во ред да се остави да го боли главата. Добар ефект се постигнува со Парацетамол или Ибупрофен во доза препишана од лекар.

 

Постои ли начин да се спречат главоболките?

Тоа всушност спаѓа во најважниот дел.  Исклучително е значајно да се препознаат факторите кои можат да провоцираат главоболка и да се работи на нивна елиминација. Здравиот начин на исхрана со три главни оброци и две ужини, земањето на доволна количина течности, посебно во летните месеци и после физичка активност и доволно сон, се некои од мерките кои помагаат во спречување на појава на главоболка. Доколку забележите дека кај детето се развива главоболка, поттикнете го да легне во кревет, затемнете ја собата и отстранете се' што му пречи. Исто така, избегувајте ги ситуаците во кои Вашето дете чувствува напнатост, или заради тоа е уплашено или нервозно, па обидете се да ги избегнете.

 

Превенција од појава на главоболка

Доколку детето Ви се пожали на главоболки кои се повторуваат, задолжително обратете се кај педијатар. Ако е неопходно, педијатарот ќе Ве упати кај невролог, кој ќе го одреди понатамошниот начин на испитување, ќе ја открие причината и ќе одреди терапија.

Она што родителите можат да направат е да му обезбедат на детето вообичаена дневна рутина адекватен одмор, пријатни и среќни моменти и здрав начин на исхрана. Тие се главните фактори за спречување на појава на главоболка.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Како да препознаете дисхармоничен развој к...
Со навршени 2 години пред родителите се појавуваат многу прашања кои многу често си ги поставуваат за растењето и психом...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?