namesp во 10:12
Мајка сум и постојано сум анксиозна
Редакција Рингераја, 9.10.2018Хелен Смит е мајка која отворено проговори за тешката страна на мајчинството, односно за постојаната анксиозност.
„Порано не бев анксиозна. Само безгрижно излегував од дома единствено со мислата дали ќе врне и треба да земам чадор. Но, откако добив дете излегувањето од дома ми бара огромен напор. Ми предизвикува ниво на анксиозност како да треба да се лансирам на месечината.
Колку повеќе се доближувам во вратата за да излезам ме мачат прашањата: „Дали е гладен, што ако некој му се искашла во фаца и му пренесе бактерии, што ако некој несовесен возач нè удри додека со количката ја преминувам улицата?“. Никој не ме предупреди дека мајчинството го носи ова.
Сите ме предупредуваа колку е тешко породувањето и доењето, но никој не ме предупреди за анксиозноста која ќе се роди во мене од мигот кога за првпат ќе го фатам моето новороденче во раце. Секогаш гледам потенцијална опасност и го предвидувам најлошото можно сценарио.
Дали спиеше доволно, дали е добро врзан во количката, дали има циркулација во нозете, дали ќе си ја заглави раката во количката и ќе си ја скрши вадејќи ја? И ова ме истоштува комплетно.
Постојано читам статии како да ги намалам ризиците околу моето дете. Веќе не можам да се концентрирам на разговорите со пријателите затоа што премногу сум зафатена набљудувајќи го моето дете што прави. Додека тие ми зборат за новата работа, јас сакам да им вреснам дали не гледаат дека моето дете може да го изеде куче во паркот. Мора да станам, не можам повеќе да седам и да ги слушам.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Лажниот и нечист мед стана вообичаена појава во денешно време. Проблемот е во тоа што нечистиот мед може многу лесно да ...

Принова во семејството! Бебе меѓу останатите членови во семејството. Сите се среќни, му се радуваат, го набљудуваат, го ...

Како што сугерираат од Американската Академија на Педијатри, следните 10 мерки на претпазливост можат да го спасат Вашет...

За жолто-зелениот секрет од носот е потребна антибиотска терапија. За бистар секрет не е потребна терапија! Тоа е исправ...
