|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

MACICUCI: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 24.9.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: MACICUCI

Датум на породување:  28 април 2012

Тип на породување: Природно

Болница:  

 

 

Три дена пред мојот роденден го добив најубавиот подарок- дознав дека сум бремена. Бременоста не ми беше тешка, иако до 5-тиот месец повраќав, меѓутоа потоа и тоа се среди. На работа одев до 2 недели пред да се породам и секогаш се трудев да сум весела, позитивна, и добро расположена бидејќи знаев дека секое мое движење, секое мое смеење или лутење го чувствува моето најмило бебенце. 
Кога дознавме дека носам машко бебенце бевме пресреќни, иако јас цело време тврдев дека ќе е женско, испадна дека не било точно моето претчувство.

Дента пред да се породам се изнашетав по продавници бидејќи другиот ден бевме поканети на роденден. Попладнето додека одмарав со кафе галејќи го стомакот му велев на моето најмило дека е време да дојде на свет и конечно да се видиме, и како на шега му прошепотев - Ајде мило времето се поправи не врне повеќе можеш да не посетиш.
Послушно беше моето сонценце уште во мешето на мама и на полноќ почнав да добивам болки. Се преместив во дневна за да не го разбудам сопругот и ги издржував болките колку што можам. Во 6 сабајлето бидејќи болките ме фаќаа на половина час, па на 10 минути, па пак на половина час го разбудив сопругот и и се јавивме на свекрва ми и тргнавме. Кога ме примија бев 6 см отворена, па им рекоа на моите да одат да се напијат кафе и дека најдоцна до 10 часот ќе сум породена, но моето златце немало таква намера, тоа сакало малку да ја измачи мамичка. Часовите поминуваа, болките се зголемуваа, а мене никој не ме носи во сала. Конечно во 12 ме однесоа и си реков ете завршија маките. И покрај сите напори, сонцето мое никако не се раѓаше. Се загрижив. После 2 часа на бокс и со последните сили се роди Давид- 3150 и 53 см. Повеќе не ми беше важно ништо, ни дали сум уморна ни дали нешто ме боли - моето најмило беше тука до мене. Подоцна ми кажаа дека проблемот била кратката папочна врвца поради која сме се изнамачиле и јас и моето сонце. Но, сега веќе не е битно ништо од тоа, сега Давид има 5 месеци и е највеселото бебенце кое се смее секој момент од денот и ни го разубавува животот мене и на тато.
Рингераја му посакува среќно детство на Давид!

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
6
Добро дојде бебенце: Магијата на раѓањето
Моментот кога родителите добиваат дете засекогаш останува врежан во нивното сеќавање, а уште поубаво е кога тие моменти ...
6
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
5
Дали е нормално крварењето за време на бре...
Глетката на крв никогаш не е добредојдена кога сте бремени. Факт е дека крварењето во бременоста е доста честа појава, о...
4




Анкета

Koe ime e poubavo?
nadbet

Koe ime e poubavo?

Tedi (10%)

David (53%)

Jakov (36%)


Број на сите гласови: 246

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!