vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Лино е една од најпознатите производи на „Подравка“. Опфаќа широк асортиман на производи за детска храна, кашички и житарки за деца. Традицијата за производство на детска храна во Подравка е подолга од 40 години, а мечето Лино ги развеселува децата со својот календар и интересните случувања уште од 1979 година.
Лино детската храна се внесува во исхраната на детето од шест месеци и останува еден од омилените оброци или меѓуоброци. Првите производи на база на гриз со чоколадо, мед и овошје, се произведуваат под марката Аурора, а како резултат на соработката меѓу хрватската и германската компанија, производите го добиле името Аурора Чоколино, Аурора Медолино и Аурора Фрутолино.
Фабриката за детска храна во Копривница е реконструирана во 2007 година каде што на најмодерни технолошки линии, со поставување на најстроги хигиенски и санитарни услови, се произведуваат Лино производите со врвен квалитет.
Денеска Лино детската храна со својата препознатливост за брзо и едноставно подготвување се продава во 20 земји во светот. Квалитетот на Лино детската храна ја гарантираат внимателно одбраните суровини и нивната строга контрола, пред самиот почеток на производниот процес, така што сигурноста и здравјето се загарантирани.
Лино лада е вкусен и здрав крем, производ со единствен вкус збогатен со млеко и лешници. Благодарение на енергетската содржина, Лино лада е идеално дополнување во храната на децата, а богат е и со калциум што е од исклучително значење за урамотежен развој на детето.
Житарките за деца се крцкави и вкусни, со вкус на вистинско чоколадо и толку едноставни за подготовка што секое дете може да ги подготви.
Lino Crunch, Lino Crocs, Lino Crisp, Lino Pillows и Lino Njammy содржат високо квалитетни и природни хранливи состојки, диетални влакна, витамин Ц, витамини Б комплекс, како и железо и калциум.
Лино житарките им ја даваат на децата потребната енергија за почеток на денот и со нив подобро и посреќно се расте.
Оваа година се навршуваат 30 години на Лино Лада, која во март 1982 година започна тест производство. Лино Лада е вкусен и здрав крем со уникатен вкус на млеко и лешници. Благодарение на енергетската содржина, Лино Лада е идеален додаток на храна на децата и спортистите, а исто така е богата со калциум, кој е од клучно значење за рамномерен развој на детето. Денес во асортиманот на Лино крем намазите ги имаме Лино лада дуо, Лино лада млечна и Лино лада лешник. Тајната на успехот на Лино Лада е во специјално одбрани високо квалитетни состојки, строга контрола на квалитетот, избор на пакувањата од 30 грама до 10 килограми и атрактивен дизајн, во кој доминираат мечка Лино и ја следат линијата на останатите производи од брендот Лино.
2
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?