namesp во 10:10
Лажни митови за плодноста
Редакција Рингераја, 16.5.2014
Забременувањето по пиење на пилули за контрацепција е можно по 6 месеци
Врежаното мислење дека по престанокот на земање на пилули за контрацепција се намалени шансите за зачнување, а на менструалниот циклус му требаат 6-12 месеци за да се стабилизира, е само мит. Околу 40% од жените забремениле еден месец по прекинувањето на пилулите, а по 3 месеци тој број се зголемил на 99%, потврдиле истражувањата од клиниката Mayo. Ако циклусот не се врати во нормала три месеци по прекинот на пилулите, треба да се побара помош од гинеколог.
Треба да се почека една година за посета на гинеколог
Скоро 60% од паровите кои немаат проблеми со плодноста, забременуваат во рок од три месеци, а 75% од нив, во рок од 6 месеци. На жените постари од 35 години, кои сакаат да забременат, не им се препорачува да чекаат повеќе од 6 месеци, пред посета на лекар. На младите им се препорачува да посетат лекар по една година, освен ако немаат продолжен циклус, подолг од 35 дена.
Најплоден перид е кога температурата е највисока
Жените можат да ја следат својата овулација со мерење на температура и со тоа да ја зголемат можноста за забременување. Во текот на овулацијата температурата во просек расте од 0,2 до 0,6 степени Целзиусови. Меѓутоа, не се препорачува да се чека со сексуалниот однос додека температурата да се дигне до највисок степен, бидејќи тоа значи дека телото веќе ослободило јајце-клетка. Ако се чека највисока температута, шансите за зачнување се намалуваат на 50%, тврдат гинеколозите од клиниката Mayo. Најголеми шанси се еден ден пред овулација бидејќи сперматозоидите можат да живеат во женскиот репродуктивен состав неколку денови.
Првото дете е гаранција за плодност
Ако мажот веќе станал родител, тоа не е гаранција дека и понатаму ќе биде плоден. Со текот на времето, бројни фактори влијаат на плодноста, па така болестите на штитната жлезда и вишокот на килограми го зголемуваат ризикот од неплодност.
Секојдневниот секс ги зголемува шансите за бременост
Иако секојдневниот секс ги зголемува шансите за бременост, сепак не треба да се претерува со тоа. Доволно е во текот на најплодниот период да имате секс секој втор ден. Во спротивно сексуалните односи можат да се претворат само во обврска и да се создаде непотребен стрес, кој го отежнува забременувањето. Најплоден период кај жената е 5 дена пред овулација и два дена по овулација.
Одредени секс пози ја зголемуваат шансата за забременување
Дека одредени секс пози ја зголемуваат шансата за забременување е само мит, се согласуваат и лекарите. Не постојат научни докази дека мисионерската поза е подобра од каубојската и обратно. Во ејакулатот се наоѓаат околу 50 милиони сперматозоиди, кои без ни малку помош, со невидена брзина се пробиваат до јајце-клетката. Она што може да помогне е лежење во кревет по секс, за да се спречи истекување на сперма од вагината.
Скапите витамини ја зголемуваат плодноста
Скапите витамини во кои се наведува дека ја зголемуваат плодноста, сепак не се толку успешни за колку што се прикажуваат. Едно истражување покажало дека мултивитамините можат да го зголемат ризикот од спонтан абортус за 32%.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...

Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...

Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...

Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
