|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Многу родители во текот на развојот на детето често ќе се најдат пред тешка одлука – дали чувањето на детето да го доверат на градинка, бебистерка или баба?

image
/11


 

 

Кога станува збор за градинките, тука се наметнува уште едно прашање – дали да се избере државна градинка, која е поефтина но со полоши услови, или приватна – која е поскапа, но со многу подобри услови за работа и престој.

Бабите и дедовците се секако бесплатни, секогаш достапни, но често и во поодминати години и болежливи. Нивната предност е во тоа што им се познати на децата, им даваат неизмерна љубов и нежност, но и добра домашна кујна. Меѓутоа, со нив не е проблем тоа дали ќе умеат да се грижат за детето, туку дали ќе ги преминат границите на Вашите очекувања и ќе имаат авторитет во воспитувањето на детето. Затоа е многу важно уште од самиот почеток да ги одредите правилата на однесување, кои индиректно ќе влијаат на бабите и дедовците и ќе спречат можни проблеми и конфликти.

Најтешка одлука е избор на бебиситерка. Прашање е дали тоа да се направи преку агенција или препораки? Во секој случај колку и да има квалификации искуство, добри препораки и пофалби, мора да биде личност од деверба за Вас и Вашето дете, а не за другите луѓе. И во овој случај е многу важно, кога ќе се одлучиме за бебиситерка, да ги дефинираме границите на авторитет и правилата на однесување и за детето и за личноста која го чува. За да бидете сигурни дека Вашето дете поминало квалитетен ден со личноста која го чува, претходниот ден подгответе распоред на активности, игри и играчки кои се потребни за тоа. Она што е најважно – на лицето кое го чува Вашето дете оставете му Ваш број на телефон и упатство што да прави во итни случаи.

На крај, градинката која на детето ќе му биде како втора куќа. кај децата и родителите често предизвикува бурни реакции. Секое дете реагира различно на почетокот – некои деца негодуваат некои се молчаливи и повлечени, некои ја прифаќаат градинката без проблеми додека некои во почетокот ја прифаќаат, а потоа реагираат со агресија. Периодот на прилагодување најпрво зависи од возраста на детето, од развиените контакти со другите деца, од раното одвојување од родителите, од личноста на детето или од тоа колку е подготвено за одење во градинка. Подготовката на детето треба да почне месец – два пред поаѓањето во градинка на тој начин што ќе го научите детето да користи нокшир, да јаде самостојно да пие од чаша, да се пресоблекува...а ако во тоа не успеете, немојте да се обидувате да го учите во периодот на адаптација во градинката. Со детето треба да разговарате за градинката, за тоа што го чека таму, да му зборувате позитивно за воспитувачките и другите деца...Во почетокот треба редовно да го носите, без изостаноци и на пократок интервал (од 30 минути до 2 часа), па тој интервал постепено да го продолжувате. Утринската разделба е најпроблематична. Би требало да биде кратка и слатка – прегратка и бакнеж со зборовите: “Се гледаме по ужинката/ручекот”.

Она што е пракса во нашите градинки е детето да се оттргне на вратата од родителите без можност за разделба. Секако, не е препорачливо долго да се одвојувате, да го враќате детето, но никако не е препорачливо да побегнете набрзина, без поздрав. Уште помалку е препорачливо да го плашите детето со градинката или воспитувачката. Со тоа се отежнува адаптацијата и се гради негативен став кон градинката. Доаѓањето по децата треба да биде од страна на родителите секогаш во исто време. ПО враќањето од градинка треба да поминете што повеќе време со детето (дружење, шетање, играње). Добрата комуникација со воспитувачките е од гоолемо значење, не само во периодот на адаптација, туку и подоцна. Пред детето секогаш покажете смиреност и доверба, покажете му дека се гордеете со него што оди во градинка и поддржете го кога ќе негодува.

А дали чувањето на детето ќе го препуштите на градинка, бебиситерка или баба, одлуката е Ваша.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кога доењето боли
Повеќето од мајките додека дојат барем еднаш имаат проблем со болно доење. Ретки се оние кои никогаш не осетиле барем ед...
4
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
4
Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
3
Мајката произведува помасно млеко ако има ...
Научниците откриле дека мајката произведува млеко со различен состав, зависно од полот на детето. Мајчиното млеко претст...
3




Анкета

ime za since
BARBARITA

koe ime da go izbereme za since

kevin (13%)

andrea (21%)

dario (49%)

alberto (5%)

simone (3%)

valerio (8%)


Број на сите гласови: 165

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!