Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Повторно не можевте на својот шеф, на претпоставените и на колегите да им кажете “не” и заради тоа го извлековте подебелиот крај и сега страдате заради својата неспособност да одбиете. Ви доаѓа да си ја удрите главата од ѕид, или да се фрлите низ прозорец, во моментот кога прифативте, но знаете дека тоа нема да помогне. Се додека не соберете храброст да кажете “не” на неразумните и неправедни барања, Вашата положба нема да се подобри, а тоа може да доведе до преоптеретеност со работа, стрес, депресија, исцрпеност и други проблеми.
Освен тоа, да знаете да кажете “не” во вистинскиот момент, е најважна одлука во деловниот свет, бидејќи тоа зборува за Вашата самодоверба и интегритет. Секако, секое “не’ не е исто. Мора добро да ја процените ситуацијата на кој начин и кога на работа ќе кажете “не”. За тоа е потребно многу искуство, самодоверба за после тоа да не чувствувате грижа на совест, чувство на вина, или да се мачите со помислата дека тоа ќе биде штетно за Вашата кариера.
1. Најдете го Вашето “да” за го најдете и Вашето “не”
Одлучете се кои се Вашите приоритети во животот. Ако тоа е семејството, тогаш на работа ќе морате да кажете “не” на прекувремените часови, дополнителните задачи и сите други обврски заради кои поминувате пократко време со семејството.
Можеби и доброто здравје Ви претставува приоритет? Tоа значи дека ќе имате време за правилна исхрана, редовно вежбање, па нема да работите до доцните часови, туку ќе спиете. Колку сте посигурни во своите приоритети, толку полесно ќе кажете “не” на другите работи.
2. Купете време
Кога е тоа возможно, немојте веднаш да дадете одговор на барањето, за кое не сте сигурни дека ќе можете да го исполните. На пример, шефот ќе Ве замоли Вие да бидете личноста која, покрај својата работа, ќе ги организира случувањата на саемот, патувањата на конференција, одработување на состаноци кои не се во Ваш домен.
Ако сакате да се извлечете од тие задачи, бидејќи и без тоа сте пренатрупани со работа, тогаш е време тактички да го обработите своето “не”, односно да купите време. Немојте веднаш да го прифатите барањето за кое не знаете дали ќе можете да го завршите. Обидете се да кажете: “Патување на кнференција? Моментално работам ... (набројте што работите) ... и се плашам дека нема да стигнам на време се' да одработам добро, а знам колку тоа Ви е важно...”, или “Се плашам дека заради тоа нема да можам да стигнам со ...(кажете што)”. Купете време и по заобиколен пат кажете колку сте претрупани во обврски и зафатени. Предупредување: немојте да лажете ни во лудило!
3. Кажете “не” со стил и одлучност
Наместо да прифаќате се' што ќе Ви натрупаат претпоставените и колегите, време е да научите да кажете “не”, кое ќе звучи исто како да сте рекле “да”. Тоа можете да го постигнете со тактиката “да – не - да”.
На пример: “Веќе имам два состаноци договорени во тоа време (да), па нема да бидам во можност да ја одржам презентацијата (не), но можам да Ви помогнам со совети за подготовка и да Ви ги дадам своите материјали (да)”. Секако, постојат безброј ситуации, или можности за маневрирање. Важно е Вашето “не” да звучи позитивно, односно да не ја затворате вратата потполно никогаш, туку секогаш да ја оставате подотворена.
4. План Б
Секогаш мора да имате план Б во потсвеста, што дефинитивно не е лесна задача, посебно ако знаете што да очекувате од колегите и претпоставените. Ако вашиот упорен колега не може да сфати дека немате време за дополнителни проекти, за преземање на клиенти, или останување прекувремено на работа, планот Б нека биде известување на претпоставениот за однесувањето на колегата.
Ако Вашиот претпоставен Ве задолжи да одработите одредена задача, за која немате време и притоа не води грижа за Вашиот протест, објаснете му дека од Вас не може да очекува предаденост на работата, успех и квалитетно завршена задача.
5. Опуштете се малку
Понекогаш е добро да се каже “не”, само затоа што секогаш и секому сте велеле “да”. Никој не може да направи се и секогаш да биде совршен, доследен и концентриран.
Ослободете се од чувството на вина и сочувство кон лицата кои ќе морат да ја завршат задачата наместо Вас. Сетете се само колку пати Вие сте работеле нешто наместо нив. Обидете се да најдете рамнотежа меѓу “да” и ”не”.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......