|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Васка Леонтиќ

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Особено после породувањето потребна ни е навистина голема желба и мотивација да почнеме да размилсуваме на убавината и стилот. Интервјуто со Васка Леонтиќ ќе ви ја врати желбата и мотивацијата за убав изглед во секое време.

image
/61


РР: Од 1994 год. сте на македонскиот пазар, со услуги од областа на фризерство, козметика, масажа и шминка како комплетен стилист. Зошто и како се одлучивте токму за оваа професија?

В.Л: Во оваа професија сум од кога паметам за себе, се што е поврзано со мода, естетика, нега, убавина, уметност, архитектура, образование, костими, модни ефекти, медиумите, камерата, фотографијата, сцената е се тоа што ме опкружува и интересира.

РР: Дали стилот и убавината секогаш одат заедно?

В.Л: Не би можела нешто да издвојам од сето ова горенаведено, бидејќи на некој начин едно со друго е поврзано и се надоградува. За да бидете комплетни не може да се следи само една дејност , бидејќи сите тие се меѓусебно поврзани и создаваат на крај една целина. На прв впечаток тоа не можете да го согледате, но откако ќе почнете да истражувате ќе согледате колку е се поврзано. Сакале или не, доколку сакате да бидете висок професионалец во секој домен од горенаведеното, не е само да го примените туку и да го следите развојот во континуитет.

Како што кажав, секогаш се споени едни со други и стилот и убавината. Доколку негувате само убавина, а при тоа не сте создале сопствен стил во тој случај само ќе се приметуваат конфузни промени кои никогаш нема да се постигне тој впечаток дека воопшто правите нешто за себе.

Стилот е тој кој ја издигнува личноста, по кој сте препознатливи, се издвојувате и ќе бидете позабележителни, бидејќи во стилот се препознава грижата за континуирано одржување на негата. Модата е тренд во одреден момент во кој може да се вклопите или воопшто да не се вклопите. Кога говорам за мода мислам на севкупната мода како од негувачкиот и козметичкиот тренд па се до надворешниот имиџ кој ќе се наметне.

РР: Она што цело време Ве држи на врвот од оваа работа е токму Вашиот професионализам, квалитетните услуги, но и префинетоста која со својот стил едноставно ја наметнувате. Дали сите овие работи можат да се научат или едноставно човек мора да ги поседува? Како успевате секогаш да бидете оригинални и различни од другите?

В.Л: За да се постигне сето ова, потребна е огромна љубов кон работата, професијата и едноставно да уживате во тоа што го работите. Јас како дете имав визија за оваа работа, како за себе лично, но и понатаму како да се развијам и на професионално ниво. Добро е кога талентот е присутен и го има, но доколку не се надградувате, развивате, едуцирате и ги применувате сите најнови техники на работа, континуитетот и развојот нема да постои.

На почетокот, говорам лично за себе и мојот стил и јас самата ги менував стиловите се додека еден ден не сфатив во што најдобро се чувствувам. Од тогаш па наваму си го негувам својот стил и по тоа станав препознатлива.

РР: Кај Вас доаѓаат и стари и млади, и мажи и жени, но сепак огромен број немаат навика за посети на вакви салони. Дали според Вас луѓето во Македонија сеуште не обрнуваат внимание на сопствениот изглед и на што се должи тоа?

В.Л: Не, токму напротив. Кај нас се дава големо внимание на себеси, но нема континуитет, туку се е тоа сезонски, пред летните одмори и на тој начин се прави шок на организмот.

Но, со текот на времето и ова полека почнува да се менува и почнуваат многумина да сфаќаат дека се работи за нега на душата и здравјето. На тој начин негата за нивниот личен изглед не се остава само за пред летните одмори туку многумина се грижат за својот личен изглед во текот на целата година.

Ме радува фактот дека се разбија табуата дека негата е само за жените, така да бројот на лица кои се негуваат е подеднакво, односно колку има мажи толку има и жени, без разлика на возраста.

Мене лично повеќе ме загрижува тоа што гледам мал број на лица кои имаат изградено сопствен стил и имиџ. Повеќе ми пречи следењето на слепа мода, а тоа значи и оваа сезона тоа што е модерно и само таа боја ќе ја носам, а при тоа не се согледува дали тоа му одговара на тенот, карактерот или возраста.

РР: Колку важен фактор претставува одржувањето на надворешниот изглед за јакнење на самодовербата? Колку надворешниот изглед влијае врз расположението на самата личност?

В.Л: Многу е битен надворешниот изглед, но многумина имаат одбојност кон ова бидејќи не е едноставно да се грижите за себеси и да се негувате бидејќи негата не значи само надворешен изглед, козметички третмани или тоалета.

Негата и изгледот значи колку ќе ја негувате и сопствената душа и тело, а тоа е најтешкиот дел.

Ова значи да имате позитивен став кон себеси и околината, мирот во себеси, балансот, едноставно да се сакате себеси и да умеете ова да го одржувате без нагли осцилации и падови што е многу тешко, поготово кај женската популација.

Доколку се пронајде формулата и се воспоставува балансот, тоа веднаш доаѓа до израз кај самата личност. Таа едноставно зрачи не само од себе туку воопшто во целата околина. Оттука доаѓа и самодовербата кај личноста, таа почнува да се спознава самата себеси, зрачи со самодоверба и знае колку вреди.

РР: На што една жена секогаш треба да внимава?

В.Л: Особено важно за една жена е грижата на духот на телото, а кога ќе се постигне ова, тогаш е многу лесно да се постигнат и останатите елементи за нега и создавање на свој стил и имиџ.

РР: Кои парчиња облека секоја жена треба да ги има?

В.Л: Во својата тоалета секоја жена треба да има црн долг и краток класичен фустан, црна салонка, бела кошула и три костуми еднобојни и тоа црн, браун, и тегет.

РР: Колку финансиите се пресудни за една жена да изгледа убаво и да се чувствува исто така?

В.Л: Точно финансиите се пресудни за да бидете секогаш во топ форма, но јас не мислам баш така. Иако некој нема средства, оваа иста нега и грижа може да ја спроведе и во домашни услови, а тоа значи пешачење, планинарење, вежбање за одржување на линијата. Потоа доволно е само еден класичен третман во козметички салон, но сите маски и неги можат и во домашни услови да се изведуваат. Потоа не мора да се купуваат многу парчиња тоалета, доволно се три ефектни и цела сезона ќе бидете со вкус и стил негувани отколку 10 парчиња тоалета а ниту една од нив да не биде ефектна.

Јас сметам дека и со многу малку средства и добро одбрани парчиња гардероба може да се постигне голем ефект.

Не значи секогаш дека и доколку се потрошат многу средства дека тоа ќе биде забележано кај личноста.

Важно е само да се негува континуирано духот на личноста, а останатото и со многу малку може да се постигне голем ефект.

РР: Што според Вас е Дама? Дали се уште постојат и како би требало да изгледа една Дама?

В.Л: Кај нас со овој термин дама, се смета жена со ексклузивна тоалета и слично.

Но за една дама да изгледа и да е дама тоа значи дека самата жена или го носи тоа во себе или не, и на тој начин и другите ве доживуваат а тоа си доаѓа спонтано, не се наметнува и не се импровизира.

Тоа е жена со префинет и препознатлив стил, не само по својот изглед и нега туку таа е и со свои манири, самодоверба, и начинот на кој е вметната во средината и околината.

Јас познавам неколку кои се со години константно исти и ја негуваат својата душа, тело и својот имиџ.

За жал, кај нас нема простор за таков тип на дами, честопати стојат надвор од опкружувањето, не се добредојдени и не се прифатени како што треба.

Бидејќи тие знаат колку вредат и не се наметнуваат со сила во средината и токму поради тоа се многу забележителни. Тоа ги прави да бидат дами и тие се природни и едноставни а сепак свои.

РР: Дали постојат работи за кои народот се уште не знае за тоа која е Васка Леонтиќ,  што има  постигнато, колку цврсто чекори и што постигнува и надвор од Македонија?

В.Л: Да, за меѓународните проекти многу малку се знае. Тоа допрва ќе се случува откако учениците од  првата генерација  оваа година ќе ги пратиме на доедукација кај нашите меѓународни партнери со кои имаме склучено договор за партнерство и тоа со Словенија, Хрватска, Англија, Латвија, Италија, Литванија, а за другите земји допрва се преговара.

Со овој проект ќе им овозможиме на нашите ученици и наставниот  кадар да стекнат нови сознанија како  и можност за учење на јазици, запознавање на меѓународните стандарди и нови култури , развивање на самостојност и самодоверба кај учениците  во работењето што  е клучно за образовните профили  од областа на личните услуги.

Со овие проекти воведуваме европски стандарди на образование и обуката градење на нови стандарди во работењето во струката лични услуги.

 РР: 5 блиц совети кои во секојдневниот живот една жена треба да ги практикува

В.Л: Не е лесно кога треба да дадам совет за една жена, но најбитен совет е да се негува духот оттука доаѓаат сите понатамошни желби за нега на телото и имиџот. Знам дека не е лесно ова што го кажувам, но верувајте кога ќе го постигнете ова потоа се ќе биде полесно.

РР: Имаме и прашање за Вас поставено на форум:

- Кои фарби за коса ги користите во Вашиот салон и препорака, совет за одржување на нега на косата?

В.Л: Ние користиме повеќе фирми од повеќе причини, прво економски, потоа од типот на кожата на косата на главата. Во последно време се појавуваат доста алергии и слично и затоа имаме бои кои се на природна база и бои со синтетичка основа за лица кои сакаат да експериментираат.

За нега на косата препорачувам обавезно маски и ампули и силиконски капки кои ја нахрануваат косата и потстрижување на  врвовите што овозможува побрзо да расте косата и полесно да се негува, а со такво обновување најдобро се одржува косата да биде негувана.

РР: Вашето мислење за Рингераја?

В.Л: Ме воодушеви. Има опфатено се што е потребно за лица кои размислуваат да бидат мајки. Опфатени се првите подготовки, развојот на детето и многу дополнителни нешта околу подигањето на детето. Исто така ме воодушевија анкетите и прашалниците преку кои се добиваат корисни сознанија за родителите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Непредвидени грижи и проблеми со родителст...
Добивте бебе и станавте родители? Но, со тоа дојдоа и еден куп непредвидени грижи и проблеми и имате толку многу прашања...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
4
Бебешката храна е полна со шеќери и масти!
Германската организација за заштита на потрошувачите Foodwatch спровела истражување за квалитетот на производите кои се ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?