|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Фото: Како е да се биде мајка на седум мали деца?

Редакција Рингераја, 5.4.2017
Запознајте ја Роксана Хофман, мајка на седум мали деца, меѓу кои една петорка, која во најголем дел од времето сама се грижи за своето семејство
Клучни зборови:

image
/11


 

Роксана е мајка на 10-годишниот Конор, 2-годишните Аурора, Бриел, Дилајла, Елијас и Фелисити и едногодишниот Гидеон. Бидејќи нејзиниот сопруг Мајкл е војник, таа мора да се справува сама со домашните обврски и грижата за децата.

Мајкл честопати со месеци отсуствува од дома поради неговите служби на далечни локации низ светот, а заради неговата кариера како воено лице, семејството во последните две години се има преселено трипати. Тој во моментов е на служба и ќе се врати дома дури во август.

27-годишната Роксана редовно споделува фотографии од својата хаотична, но забавна реалност и постојано добива комплименти затоа што одлично се справува со својата улога. За да се прилагоди на ситуацијата, Роксана мора да вози возило со 15 седишта и има бебешка количка со пет седишта, а за да биде бебето безбедно, таа има цела соба полна со бебешки креветчиња.

 

1

 

2

 

3

 

4

 

5

 

6

 

7

 

8

 

9

 

Роксана и Мајкл ја добиле својата петорка откако направиле инсеминација во обид да го добијат своето второ дете. Претходно парот имал изгубено една ќерка во 24. недела од бременоста, по што му била дијагностицирана секундарна неплодност.

За време на вториот преглед со ултразвук, среќните родители добиле вест дека ќе добијат близнаци, но веќе на третиот преглед, тие слушнале пет силни срцебиења.

„Мојот сопруг пребледи и за малку ќе се онесвестеше. И јас не бев подготвена, но морав да се шегувам за да останам силна. Целото наше семејство беше изненадено и шокирано“ – вели Роксана, која морала да јаде по 7.000 калории дневно за да одржи здрава тежина за своите деца.

Само 11 дена по раѓањето на петорката, Мајкл морал да се врати на работа, а кога бебињата имале по 6 месеци, тој бил испратен на воена служба во друга држава. Мајката на Роксана морала да се пресели во нивниот дом за да ? помага во грижата за децата.

„Првите месеци ми се заматени. Менувавме по 50-60 пелени дневно, и секој ден одевме на доктор зашто бебињата беа родени предвреме. Беше постојан хаос, воопшто не спиевме. Спиев само по половина час. Моравме да пишуваме сè за да не згрешиме нешто. Честопати се чувствувавме совладани, но моравме да наоѓаме радост во сето тоа“ – додава таа.

 

10

 

11

 

12

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали мелатонин е безбеден за деца?
Сонот е клучен за растот, развојот и здравјето на детето. Сепак, многу родители се соочуваат со проблеми како тешкотии п...
5
Зошто децата се плашат од стоматолог?
Грижата за севкупното здравје подразбира и грижа за здравјето на устата, односно грижа за забите и непцата. Со никнување...
3
Отитис - воспаление на уво, домашни мерки ...
Отитисот, односно воспалението на увото е честа состојба кај деца, но и кај возрасни. Може да биде болен и непријатен, а...
3
Што не треба да правите при повреда? Најче...
Во момент на повреда, паниката и брзите реакции често нe тераат да направиме грешки кои можат да ја влошат состојбата. И...
3




Анкета

/
Jana9

Koja kujna od navedenite vi se dopaga najmnogu?

Makedonska (33%)

Italijanska (67%)

Kineska (0%)

Meksikansa (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!