vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Меѓу многубројните цитати кои му се припишуваат на Ајнштајн постои и онај кој вели дека животот е како возење велосипед, ако не сакаш да паднеш, мора постојано да си во движење.
Недостатокот на физичка активност, заедно со хроничниот стрес и погрешната исхрана, се едни од главните причини за заболувања кај современиот човек.
Многу луѓе под физичка активност подразбираат напорна физичка активност, но основната човечка активност е печачењето. Нашите предци поминувале секојдневно од 6-16 км. во потрага за храна. Жените ги носеле и децата во раце. Се проценува дека до 4-та година на детето, жените поминувале 4800 км. Денешната цивилизација на луѓето им ја скрати потребата од движење.
Здравствените ефекти од пешачењето се големи. Физичката активност ги сузбива воспалителните процеси во организмот (а тоа се сите модерни болести, од депресија, преку дијабетес, алергија и карциноми).
Познато е дека во тек на физичката активност се намалува нивото на маркерите за воспалителни болести, како што се Ц реактивен протеин (ЦРП). Во една студија е утврдено дека со 20 минути брзо одење се намалува нивото на ЦРП за 5%. Овој ефект е делумно предизвикан од лачењето на познатиот стрес хормон, адреналин. Но, физичката активност мора да биде редовна, бидејќи ефектите се губат по извесно време.
Одењето има одличен ефект за здравјето на кардиоваскуларниот систем, за намалување на високиот крвен притисок и здравјето на миокардот.
Пешачењето го подобрува функционирањето на мозокот и спречува деменција. Ова посебно се однесува на Алцхајмер, каде редовната физичка активност го зголемува обемот на мозокот. Одличен ефект има и кај лицата кои страдаат од депресија. Смртноста од карцином е двојно помала кај лицата кои имаат редовна физичка активност.
Колку физичка активност е потребно? Препораката е 150 минути брзо одење неделно, а најмногу до 6 часа неделно. Степенот на активност треба да се прилагоди според годините.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...