|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Девојчињата се позаштитени во материцата?!

Редакција Рингераја, 5.6.2014
Една нова студија сугерира дека девојчињата имаат природна предност во однос на момчињата, уште во материцата на мајката
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Истражувачите откриле дека одговорот на прашањето зошто жените кои носат девојче имаат полесна бременост од оние кои носат момче, лежи во плацентата.

Во студијата објавена  во Молекуларна Хумана Репродукција, беше откриено дека гените произведени од страна на плацентата се различни кај мажите и жените.

“Откривме дека  кога жената носи женско бебе, има повисока експресија на гените кои се вклучени во развој на плацентата, одржување на бременоста и имунолошка толеранција”, рече ко-авторот на студијата Sam Buckberry , дипломиран студент на Аделаида, како што е соопштено од страна на HealthDay. Познато е дека бременостите се со поголема веројатност да имаат лоши резултати ако бебето е момче. Ова  делумно се должи на фактот дека момчињата растат побрзо од моментот на зачнувањето,  а тоа ги става во поголем ризик од недостаток на исхрана.

“Веќе некое време знаеме дека девојчињата победуваат во борбата за опстанок”, вели Клер Робертс, главен автор на студијата. Резултатите на оваа студија даваат објаснување зошто кај женските бебиња има помала веројатност од предвремено раѓање, неонатална смрт или мала родилна тежина. Ова производство на различни гени во плацентата исто така може да ги објасни и другите полови разлики кои постојат во текот на животот.

Нашите гени можат да помогнат да се утврди дали нашите тела ќе се развиваат како женски или машки. Повеќето луѓе се раѓаат со 46 хромозоми во 23 парови. Мажите имаат еден Х и еден Y хромозом, додека жените имаат две копии на Х хромозом. Биолошката разлика меѓу мажите и жените е резултат  на определбата на полот. Определувањето  на полот, кое се случува при зачнување, контролира дали ембрионот ќе се развие како машки или како женски.  Диференцијацијата при зачнувањето е клучна за определбата на полот.

 

Извор: Medical Daily

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Хипертензија во бременоста
Во втората половина од бременоста може да се развие трајна состојба на покачен крвен притисок, што ја нарекуваме хиперте...
4
Видео: Сe што треба да знаете за царскиот рез
Породување со царски рез е хируршка процедура што се користи за раѓање на бебето преку засеци во стомакот и матката на м...
4
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...
4
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат првите знаци по овулацијата и се прашуваат: „Дали ов...
3




Анкета

kako da se vika?
lukas

ime za nasata idna princeza.. :)

Lina (36%)

Leona (42%)

Lusija (21%)


Број на сите гласови: 154

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!