|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мамичке, биди горда што се породи со царски рез!

Редакција Рингераја, 25.4.2020
Но, што ако не постоеше стигмата кон царскиот рез? Што ќе беше ако не чувствувавме жалење за нечија приказна за раѓање со царски рез, или поглед на разочарување за новата мајка која се породила на тој начин?

image
/11


Со текот на годините, чувствував длабока празнина за породување кое никогаш не го искусив. Три пати станав мајка со царски рез. Никогаш не можев да се охрабрам „можеш да го направиш тоа!“ , затоа што немав контракции. Мојот водењак никогаш не прснал сам од себе. И јас никогаш не сум имала  вагинално раѓање, а уште помалку ми беше кажано дека имам рез од  1 см или 2.

Царскиот рез не беше по моја желба, но беше потребен  за да се зачува моето здравје и здравјето на моите деца. И понекогаш копнеам за оние искуства што ги предвидував, но никогаш не успеав да ги доживеам.

 

И покрај тоа што многу мајки денес од свои причини избираат  царски рез, тоа не е првата слика која ќе ви падне на памет кога помислувате на породување. Напротив, тие се последен избор за толку многу мајки и сè уште се стигматизираат како „помала опција“ на породувањето за голем дел од општеството.

Но, што ако не постоеше стигмата кон царскиот рез? Што ќе беше ако не чувствувавме жалење за нечија приказна за раѓање со царски рез, или поглед на разочарување  за новата мајка која се породила на тој начин?

Можеби, само можеби, мајките не би се чувствувале како нивните породувања да се од понизок ранг. Можеби новите мајки не би го определиле автоматски царскиот рез како раѓање исполнето со несреќа. И можеби би можеле да ги видиме во нивната вистинска светлина. Затоа што изгледа забораваме дека го живееме идеалниот живот за толку многу минати и сегашни бремени мајки.

 

1

 

Живееме во овој век, во овој дел од светот, каде што на бремените мајки им се нудат алтернативи за зачувување на животот и за нив и за нивното бебе за време на породувањето. А сепак, царскиот рез е точка во која треба да почувствувате тага?

 

Можеме ли да го промениме ова? Бидејќи јас сум тука да ти кажам, луѓе царскиот рез е исто толку моќен колку и вагиналното породување!

 

Ние не почувствувавме толку силен наплив на адреналин, а некои не беа во можност веднаш да го прегрнат своето  „розово“ новороденче. Не смеевме да имаме никој од семејството  во собата за породување и да им ја држиме раката за време на породувањето, а многу од нас (вклучувајќи ме и мене) моравме да го исфрлиме нашиот оригинален план за раѓање (сите 1.000 страници од него) низ прозорецот.

 

И тогаш се сеќаваме дека имавме спокојство во операционата сала. Солзите ни беа радосни и нашите животи беа спасени во тие моменти. Значи, да, „за време на царски рез“, никогаш нема да има друга меморија како онаа од моментот кога за прв пат ќе го видите своето новороденче на свет.

 

Покажавме сила таму каде што не мислевме дека ја имаме и ги жртвувавме сопствените желби бидејќи доброволно отидовме во голема операција на стомакот додека сме при свест. Ние ги ризикувавме нашите животи за можноста да го спасиме своето дете и, ве молиме, не се сомневајте, ќе го направивме тоа трилиони пати повеќе.

За нашето дете, ќе ги издржиме сите нервни стресови и тресења од студ, пред и по царскиот рез. И покрај тоа што живо се сеќаваме на нервозата при примање на анестезијата, без член од семејство до нас, ќе го сториме тоа повторно. Повторно би ја почувствувале силната болка на резот толку интензивно и повторно би се умориле од плачење.

Некои од нас го слушнаа првиот плач на нашето дете во операционата сала, додека други ја оплакуваа нашата прва длабока загуба. Но, секоја од нас стана мајка на некој  толку посебен и нов. И нашата приказна за раѓање е сè уште единствена и за нас, исто така.

 

2 

 

Нашата жртва е убавината што ни го донесе нашето дете. За тоа, не треба да чувствуваме срам.

 

Ние не се предадовме себеси, ниту го предадовме нашето дете. Царскиот рез не беше достапен стотици години, но сега кога е, треба да сме благодарни на таа опција, а не да станеме предмет на сожалување.

 

Породувања со царски рез не мора да бидат помалку посебни. Не дозволувајте некој да го потцени  вашето искуство или да ја поистовети вашата породилна приказна со нешто што погрешно го сметаат за само „медицински“ или „рутински“. Затоа што секој што се чувствува на овој начин, јасно, никогаш немал породување со царски рез.

 

Моќта да ги смениме овие искривени погледи лежи во нас мајките кои го доживееле студот и магијата што се одвива во операционата сала и во самите нас.

 

 

Вагиналните раѓања се убави и моќни, но добро  запомнете дека и раѓањата со царски рез се исто толку магични. И на двата начини станувате мајка!!!

 

by 

Дали сексот во бременоста може да индуцира...
Ако го достигнете крајниот термин, сексот може да биде билет за породување. Еве што треба да знаете за сексот и индукциј...
15
Најдобрите фотографии од породување за 202...
Меѓународната асоцијација на професионални фотографи при раѓање е горда што ги објави победниците на Конкурсот за слика ...
9
5 оброци кои трудниците треба да ги консум...
Многу од жените мислат дека кога ќе бидат бремени можат да јадат се што ќе посакаат. После сe, јадете за двајца, така? З...
5
Mamamegi: Моето второ породилно искуство
Моментот кога јас се претворив во ние
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Koj mesec
Jana9

Koj mesec ke odite na letuvanje?

Juni (0%)

Juli (50%)

Avgust (50%)

Septemvri (0%)

Oktomvri (0%)

Nema da odime (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!