namesp во 10:12
Дали вакцинирањето предизвикува аутизам?
Редакција Рингераја, 13.5.2013
Две третини од лицата кои користат интернет бараат податоци за користење на лековите, а повеќе од половина од нив поставуваат дијагноза со помош на Google
Според податоците на списанието The Journal of Pediatrics дури 40% од страниците на интернет кои нудат податоци, на пример за синдромот на изненадна смрт на доенчето SIDS, на родителите им нудат погрешни и опасни совети. Кога се работи за вакцинирањето, ситуацијата е скоро застрашувачка, 60% од понудените резултати не одговараат на вистината или шират непотребна паника.
Во земјите во кои на родителите им е препуштена одлуката дали ќе го вакцинираат детето ли не, забележани се зарази кои дотогаш се држени под контрола. Заради тоа, од исклучителна важност е родителите да имаат квалитетна и проверена информација, за да можат да ги заштитат своите деца и да се заштитат себеси.
Дали вакцинирањето предизвикува аутизам?
Не постои мајка која не го слушнала овој мит. На кратко, не постои научен доказ дека постои врска која го поврзува вакцинирањето со аутизмот, тврди Dr. Rachel Dunlop медицински научник и австралиска активистка за научно втемелено лечење. Дури ни по 14. години трагање и истражување, доказ едноставно не е најден. Таа опасна теорија за прв пат ја изнел Andrew Wakefield во 1998. година. Во меѓувреме е откриено дека неговите истражувања не биле независни, дека резултатите се местени и дека во текот на истражувањето е запоставено доброто на децата. После тоа, соработниците се одрекле од него.
Во 1998. година се спроведени безброј истражувања кои се обиделе да го поврзат вакцинирањето со аутизам, но нивниот резултат секогаш бил негативен. Најмногу истражувања се спроведени во Данска, а опфатени се сите деца родени од 1991. до 1998. година, или вкупно 573.303 новороденчиња од кои 82% биле вакцинирани со МРП вакцина. Потоа, во септември 2011. година американскиот институт за медицина прегледал бројни научни трудови, по што е заклучено дека само неколку здравствени проблеми се јасно поврзани со вакцинирањето. Овој заклучок е донесен врз база на прегледани 12.000 научни трудови, кои обработуваат 8 различни вакцини. Со оваа материја се занимавале 18 експерти кои го одработиле најголемото истражување за штетното дејство на вакцините и нивните последици врз здравјето на децата. Уште еднаш е потврдено дека врската меѓу аутизмот и вакцинирањето не постои, колку и да се тврди спротивното.
Извор: The Journal of Pediatrics
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се уште дише? Па, да, градите и се креваат.Сега да пре...

Да се ??има болно бебе е доволно тешко. Не ви е потребен дополнителен стрес при обидот да му дадете лекови на вашето беб...

Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...

Постојат драгоцени моменти во животот кои успеваат да ни изнудат насмевка и многу години откако ќе се случат. Погледнете...
