namesp во 10:11
Дали породувањето мора да боли?
Др. Шпелца Моројна, 16.12.2021Ублажувањето на болките при породувањето е договор меѓу родилката и останатите личности (бабица или доктор) кои се присутни на породувањето.
Доколку жената реши да се породи со ублажување на болките, тогаш се скратува искуството да ја почувствува силата на нејзиното тело и дух. Всушност, поголем број жени се добро информирани, психички и физички подготвени да ги совладаат породилните болки и да родат, а тоа е многу ефикасно и најсигурно за неа и бебето.
Породилните болки не се нормална работа. Породувањето го следи одреден степен на непријатности и чувство кое прворотката го чувствува за прв пат, и кое не може да се спореди со ништо што таа доживеала претходно.
Болките создаваат притисок во делот на матката и карлицата, а кога го истиснува детето, родилката има непријатно чувство поради растегнување на вагината. Кога зборуваме за нормално породување, подобро е да зборуваме за чувствата, а не за болките, бидејќи таквиот став ќе ги ублажи или можеби ќе го надмине стравот од »настанот на животот«. Од друга страна, тоа ќе ја поттикне жената, при породувањето да соработува и на природен начин да ги ублажи болките (со опуштање, масажа, топла купка или туширање). Неподносливите и силни болки при породувањето, се сепак знак дека се случува нешто и тука мора да реагира доктор!
Породувањето е препуштање на силата на мајката природа, препуштање на мудроста на сопственото тело кое само знае кога да роди – треба само да го слушате и да му дадете можност да ја заврши работата со свое темпо и на свој начин!
Опуштете се и за ништо не грижете се – дали тоа сеуште знаеме да го правиме? Разбирањето како функционира телото е од голема помош при породувањето на трудницата која сака да се подготви за големото и единствено искуство - породувањето!
Зошто породувањето може да боли?
Првата причина за можните болки е ограничениот простор во телото на трудницата. Детето од ден на ден е се поголемо и за да има повеќе простор за себе, ги »турка« соседните органи. Додека ова се случува полека, не се чувствува болка, но при породувањето, туркањето на околината секако доведува до непријатности. Мускулот на матката и покрај силното собирање, не предизвикува болка, бидејќи содржи многу малку рецептори за болка. Болките при напоните, родилката ги чувствува поради притисокот на матката на својата околина – стомак, делот околу карлицата и грбот кои се чувствителни на болка. Значи, силните болки кои ги почувствувале многу жени се како последица на вкочанетоста на соседните мускули кои даваат отпор на притисокот од матката, која се собира.
Потсвесна реакција кај секој човек кога нешто го боли е вкочанетост, а ако на тоа го додадеме и стравот од болка, опуштањето е скоро невозможно. Затоа е многу важно трудницата уште за време на бременоста психички да се подготви и да избере начин на кој ќе се опушта за време на трудовите.
Болките се многу послаби, доколку трудницата успее да се опушти барем малку. Така весела поради својот успех, послободна ќе ги очекува наредните болки и нема предвреме да се вкочани од страв. На тој начин се затвора кругот на ублажување на болките и родилката тогаш навистина може да зборува за чувствата кои секако се сензационални. Со такво доживување, болките и заморот ќе дојдат побавно.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
