Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Заработив 15 милиони долари во своите 20-ти, кога продадов startup компанија. Разговарав со многу луѓе за ова прашање и многу размислував за тоа како да останам истата личност која бев, пред да ги заработам парите.
Еве го мојот одговор: да бидеш богат е подобро, но не е ни приближно добро колку што замислувате. Одговорот зошто е малку комплициран.
Како прво: единствена реална работа која ти ја дава богатството е можноста да не се грижиш толку многу за пари. Се уште ќе постојат работи кои не можеш да си ги дозволиш, но повеќето трошоци можат да се направат без многу размислување. Тоа, без сомнеж е добра работа.
Но, со богатството доаѓаат и некои маани. Повеќе не ти е дозволено да се жалиш на било што, никогаш. Со оглед на тоа што многу луѓе го замислуваат богатството како нирвана, ти повеќе не смееш да имаш човечки потреби или фрустрации. Ти се уште си човечко битие, но повеќето луѓе не те доживуваат така.
Постои и друга мана. Многу луѓе сега сакаат нешто од тебе и може да биде тешко да се сфати дали е некој добар кон тебе, дали му се допаѓаш, или сето тоа го прави заради твоите пари. Ако се уште не сте оженети – среќно со размислувањето за тоа дали партнерот е заинтересиран за вас, или за вашите пари.
Потоа доаѓаат пријателите и семејството. Со малку среќа врската со нив нема да се расипе, но може да стане тешка. Сите тие можат да станат многу чудни и да те третираат поинаку. Можеби ќе ти побараат заем (лоша идеја, ако давате пари – секогаш давајте ги како подарок). Еден чест проблем е што повеќе не ги ценат даровите за Божиќ како што некогаш ги ценеле. Имаат нереални очекувања за тоа колку треба да биде голем подарокот и разочарани се кога нема да се исполнат тие нереални очекувања.
Соберете ги сите работи и ќе почнете да добивате чувство на изолација.
Понекогаш ноќе лежите будни, размислувате за тоа дали сте донеле вистинска инвестициска одлука. Го знаете она чувство кога стоите на висока зграда и чувствувате дека би можеле да го изгубите паметот и да скокнете? Ете такво е чувството кога имате пари – би можеле да го загубите паметот и се да потрошите.
Следна работа која морате да ја разберете за парите е оваа: сите работи кои сакате да ги купите, тие нешто ви значат само затоа што не можете да си ги дозволите. Можеби ви падна со очи ново Ауди. Во моментот кога ќе го имате, нема да ви значи толку.
Се е релативно. Повеќето луѓе се држат до илузијата дека животот би им бил посреќен кога би имале пари. Потоа стануваат богати, но не и среќни, што може да ги фрли во сериозна животна криза.
Ако сте дел од средната класа, имате многу можности да правите со својот живот што ќе посакате. Ако не сте среќни сега, нема да бидете среќни ни кога ќе имате пари.
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Татковци во првите месеци, нивната улога и емоции
Кога се зборува за новороденчиња, фокусот речиси секогаш паѓа на мајка...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.