Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Подгорица – Разликата во години меѓу брачните партнери, периодот на овулација и начинот на исхрана се три основни услови за добивање на машко дете, тврди жителот на селото Вуковци во долината на реката Зeта, Бaјо Шушкаловиќ (87).
Шушкаловиќ за вестите на Подгорица го обелодени добро чуваниот “рецепт” за добивање на машко дете, кој се пренесувал од колено на колено, му се доверувал на блискиот во судниот час, или на болничкиот кревет.
Тој, како што се вели, одлучил да го обелодени рецептот, бидејќи не сака тајната со која, како што тврди, им помогнал да многу семејства да добијат машки потомок и продолжување на лозата, да умре со него. Познавачот на “тајната за машки потомок” во Црна Гора отсекогаш бил почитуван и баран.
За да се добие дете од машки род мора да се почитуваат три режими. Тоа се разликата во години меѓу брачните партнери, овулацијата и режимот на исхрана.
Тој вели дека секоја седма година половите органи се подмладуваат, односно на 14, 21, 28, 35, 42 и 49. години. “Кога партнерот ќе ги наполни овие години се раѓа дете од неговиот пол, се додека брачниот другат не ги наполни назначените години, кога се раѓа дете од неговиот пол. Подмладувањето почнува секоја седма година, но не смее да се ризикува пола година, бидејќи кај некого почнува порано, а кај некого подоцна.”
Како пример наведува дека, ако едниот брачен партнер има 21 година, а другиот 19, оној кој наполнил 21 година има предност да добие дете од својот пол, се додека другиот партнер не наполни 21 година.
Предност за добивање на машко дете има во случаите кога е мажот постар пет до шест години од жената, или 12-13 години, а исто така и во случаите кога жената е постара од сопругот една или две години.
“Докажано е дека во семејствата со две деца, ако едното е постаро 7 или 14 години, тие мора да бидат со ист пол”, пишуваат Подгорички вести.
Извор: kurir-info.rs
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...