|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Читањето книга-секојдневен ритуал

Редакција Рингераја, 24.3.2011
Идеално е доколку на детето му читате навечер пред спиење. Во тој период тензиите се минимални, дневните обврски се зад Вас, а детето е отпуштено и расположено да слуша.

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Прекрасните моменти поминати во мајчината прегратка со галење и читање на омилените приказни се од непроценливо значење, како за родителите така и за децата. Никогаш не е премногу рано да му читате на Вашето дете и да го запознаете со едно од најубавите задоволства. Кога ќе наполни  само неколку денови, бебето ќе „одговара“ на Вашиот глас прислушувајќи и набљудувајќи што  се  случува  околу него. Како што расте почнува да испушта  одредени гласови. Затоа читањето е  важен фактор во развојот на  неговиот говор.

Ако го научите детето  да ги  сака книгите, ќе му дадете основа за развој на многу други вештини. На тој начин се подобрува неговата способност за комуникација и за конверзација, а на училиште ќе тргне со позитивен став за  книгите.

 

Изберете ја вистинската

 

 Од изборот на книгата зависи колку детето ќе ужива во неа. Малите деца  сакаат книги кои им го привлекуваат вниманието и кои можат со леснотија да ги држат во раце. За нив идеални се тврди сликовници таканаречени „pop-ups„ книги (со чие отварање на страницата се создаваат тридимензионални слики), потоа сликовници наменети за водата, живите бои и оние со јасни и крупни слики. Сликовниците со кратки римувани песнички ќе го одушеват Вашето дете кое е на возраст од две до три години. Книгите кои содржат мал текст или се без него, претставуваат добар избор бидејќи

ќе го поттикнуваат детето да ја развие имагинацијата додека размислува за приказната.

Кога избирате книга, водете сметка и Вам да ви се допаѓа. Всушност, децата сакаат да ја слушаат истата приказна повеќепати. Така, најверојатно, ќе треба да ја читате истата приказна по сто пати.

 

Читањето како секојдневна навика

 

 Добро би било читањето да стане задолжително и многу важно во вашето секојдневие. Идеално  е ако  на детето му читате навечер пред спиење. Во тој период тензиите се  минимални, дневните обврски  се зад вас, а детето е отпуштено и расположено да слуша. Меѓутоа ако е премногу сонливо навечер, обидете се да воведете попладневно читање – по ручекот или пред капење или додека седи на нокшир. Се разбира, тоа не значи дека треба да му читате само  во точно одреден период. Читањето може  да го искористите  и  како  начин да го смирите детето и кога премногу ќе се разигра или како награда за доброто однесување. Убаво е кога детето само  ќе побара да му се чита. На Вас останува да се потрудите да му бидете на располагање кога тоа ќе посака.

 

Заедничко уживање

 

Најдете тивко место во куќата. Прегрнете го Вашето дете, исклучете го телевизорот или радиото и заедно нурнете во светот на книгата и фантазијата. Многу е важно да  уживате во книгата без двоумење и срам бидејќи Вашето дете не е критичар и бескрајно ќе ужива додека го засмејувате „глупирајќи се“. Можеби тоа ќе ви изгледа по малку „глупаво“, но се додека му раскажувате со смешни гласови и имитирајќи ги животните, детето ќе ве слуша со внимание. Зборувајте бавно и певливо за да ја оживеете приказната  и да му овозможите на детето да ужива во неа.

 Додека читате книгата држете ја  така што детето ќе може да ги гледа сликите кои одат со приказната. Кога ќе забележите дека некоја му го привлекува вниманието застанете и заедно поразговарајте за неа. Покажете му ги на детето познатите предмети во книгата и поразговарајте малку за нив. Така ќе му помогнете подобро да ја разбере смислата на зборовите. Побарајте од него да имитира гласови на животни и да Ви покаже одредени личности или предмети во книгата. Ако тоа го направи правилно пофалете го.

Децата нека бидат повеќе живи. Нив тешко може да ги натерате да седат мирно и да слушаат. Затоа е потребно читањето да вклучува и некоја активност со која тоа ќе се вклучи во приказната и ќе почне да ужива во неа. Набљудувајќи Ве Вас како  читате, детето бргу ќе научи како да постапува со книгите, како  да почне од почеток и потоа да ги врти страниците, следејќи го развојот на приказната. Набргу и само  ќе почне да учествува тапкајќи по страниците или фаќајќи Ве  за раце да застанете доколку премногу бргу читате или сте прескокнале некоја страница.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Маја Аргакијева photography: Војдан
Галерија: Maja Argakijeva, Creative Baby & Child Photography
4
Како да се справите со љубопитноста на дец...
Мамо, зошто ...?, Бабо, а како ...? Децата поставуваат какви ли не прашања кои често ги оставаат родителите без зборови....
3
Мебел за детска соба
Сите родители доаѓаат во период кога на детето креветот му станува премал, а играчките се посложени. Време е на детето ...
3
Солзење на очи кај настинато дете?
Кога вашето малечко дете е настинато и забележувате дека му солзат очите, тоа може да ве загрижи. Но, во повеќето случаи...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali koga se soncate koristite kremi za soncanje?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 7

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!