|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чезнеам по бебенце во моите прегратки...

Редакција Рингераја, 30.10.2013
Вистински приказни од забременување - БожјиДар

image
/11


 


Драги РР-ки


Минатата година ова време бев бремена - случајно но не несакано подароче од Бога. Со сопругот мислевме дека сме на месечината качени и не можевме да се соземеме од радост. Три месеци подоцна ми пукна водењакот и после еднонеделна борба го загубивме нашето малечко. Се уште има моменти кога ми е претешко, си липам и ми се чини дека никогаш нема до крај да ја надминам оваа тага. Ама наидов на овој форум и сакав да ја споделам мојата приказна со некој кој може да ме разбере, па може и полесно ќе ми стане:



Забременив истиот месец кога ми се средиле вредностите на тироидата, за кое отпосле дознавме. Често му пеев една песничка на нашето малечко што ми извираше од срце. Тоа беше нешто како приспивна за успокојување преку уверувањето дека Бог го чува и пази, и дека и јас го сакам и пазам. Имав болки зашто матката ми е во ретро и додека ми се исправувала ме болеше, ама се се поминува за радоста што се очекува. Во трети месец имав исцедок со по малку црвено и кафено понекогаш, за кое редовно и кажував на мојата матична и одев на прегледи. Ме уверуваше дека не е никаков проблем и е нормално. Ни на крај памет не и текна да ми направи брисеви. Во меѓувреме на раце ми умре маченцето што со месеци се обидувавме да го оправиме и имаше успех се додека на некој идиот му текнало од затвореното дворче позади зграда да го шутне преку висока ограда. После нешто повеќе од 2 недeли со исцедокот и на долгоочекуваниот крај на 12-та недела, отидов кај друга докторка која ми препиша прогестеронски инекции. Одма ја примив првата и следниот ден наеднаш прокрварев околу 200-300 мл крв. Одма на Државна и после прегледот ми рекоа - се е во ред оди си дома. Следниот ден ми пукна водењакот без никакви други симптоми и пак одма во Државна на преглед. Мене ми тече вода, а тие ме шетаат од една врата на друга - јас да го барам докторот, наместо да ми дадат да легнам. Докторот рече дека е истечена вода од водењакот, дека сега шансите се 50/50, тие не можат ништо да направат, може да ме примат или да си одам дома сеедно, да дојдам ако имам крварење или силни болки. Мислам дека ме лажеше за шансите. Пријателката со мене ми рече да инсистирам да ме примат за да не се шетам лево-десно и така беше. Вечерта на друг преглед друг доктор ми рече дека целата вода е истечена. Срценцето се уште му чукаше на мојот мал борец. Одма ми рекоа дека ќе ми стават провокации за да се абортира „плодот“ зашто немало шанси да преживее. Јас требаше да потпишам согласност. Бебенцето живо во мене, а јас да иницирам да го откинам од мене и да му го прекинам животот - немаше шанса. Плус, маж ми истражуваше на интернет дека постојат ретки, навистина ретки случаи, ама ПОСТОЈАТ, во кои мајките и на толку рана бременост со пукнат водењак со лежење успеале да ги доносат бебчињата до возраст до која можат да преживеат надвор. Течноста телото можело да продолжува да ја создава, па ако се успее делумно да се задржи, можело да се истера. Им реков на сестрите и докторите дека се додека бебчето е живо јас не се откажувам. Лежев една недела на ургентен оддел во ГАК и во собата со мене ставаа и слични сострадалнички, и жени кои доаѓаа за самоиницијативен абортус, некои од нив со стомак до заби(6 месеци).

Водичката постојано ми се излеваше. Беше многу стресно и страшно. Без да не предупредат, ги „породуваа“ во соба на креветите околу мене. Јас требаше да го гледам и слушам тоа. Немаше доктор што не ми се изнасмеа дека чекам (освен една докторка). На 2 дена ми правеа контроли дали чука срценцето. Докторката, главната на одделот, беше многу груба и не сакаше да ми даде никаква друга информација освен само да каже дека има срцева акција. По една недела, во четврток, на американскиот ден на благодарноста, ми кажа дека нема срцева акција, а јас не можев да си ги задржам солзите. Имав тага, но и чуден мир за кој сум Му благодарна на Бог. Си замина моето бебенце во Неговите прегратки. Колку само ми фали. Следниот ден ми направија киретажа и ден потоа со празно стомаче и раце си отидов дома. Физичкото закрепнување ми беше зачудувачки брзо. За душевното, ете гледате - не сум очајна, но се уште понекогаш длабоко тажна.

Во сето ова, брисеви не ми беа направени, иако „најверојатната“ причина, ми беше кажано, е бактериска инфекција. Во ГАК не правеле брисови, а јас требаше со водењак кој ми истекува да се дигнам и да одам на друго место за да направам едни обични брисеви. Од патолошките анализи немаше некој показател зошто се случи загубата, така што до ден денешен не знаеме со сигурност.

Сега сме во друга држава и со мала фактичка поддршка од роднини и пријатели. Морав да се оперирам од жолчка, да чекам 6 месеци за да заздрави раната, па еве конечно за некој ден поминува и тој период на чекање. Сега сум на строг диететски режим за слабеење, па да симнам уште некое кило ќе може пак да пробуваме. Чезнеам по бебенце во моите прегратки, иако знам дека нема никогаш да го заборавам нашето прво. Сепак се плашам пак да не доживеам нешто вакво, не знам како би го издржала. Ме крепи само вербата во Бог. Иако не разбирам зошто го дозволи тоа со првото бебенце, не Му се лутам. Тој дава, Тој зема, ама верувам дека го сака нашето најдобро и дека ќе ми/ни даде детенце и дечиња со нас.

 

Ваша, БожјиДар

 

 

Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

7 необични факти за спермата
Повеќе од 60% од проблемите со бременоста се предизвикани од машки сперматозоиди со слаб квалитет. И дури 85 проценти од...
9
Чудото наречено живот!
Видео кое покажува како се формира и расте плодот во мајчината утроба. Чудесно!
6
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
3
Зачнавте на новогодишната ноќ? Кога ќе се ...
Да, бевте палави, но истовремено и вредни, бидејќи сепак создадовте нов живот! Ако забременивте за време на празниците, ...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali poset_uvate kozmeticar?

Da (0%)

Ne (100%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!