Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
СОН
Добриот сон помага да бидат оплодени јајце клетки кај 62,9% од жените, додека кај оние кои страдаат од ненаспаност и силни нарушувања во спиењето само 48,4% успеваат да забременат. Третата група во студијата со просечен квалитет на спиење изнесува 57,1%.
Резултатите се од ново истражување на јапонски научници од клиниката Ханабуса во Кобе меѓу 208 жени, кои имале тешкотии во зачнувањето на бебе.
Добриот ноќен сум може да се покаже како еден од важните секојдневни навики кај жените за подобрување на нивната фертилност (природна способност за зачнување на потомство) и така да ја зголеми веројатноста да забременат, коментираат експертите.
Нередовната и умерената потрошувачка на алкохол има позитивно влијание врз плодноста, велат експертите. Ова може да се должи на поволниот ефект од умереното количество алкохол, кој ве ослободува од стресот и помага при заспивањето.

Црвено вино
Ова доаѓа во поддршка на резултатите од друго истражување на американските научници од Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, според кои потрошувачката на барем 5 чаши црвено вино месечно ја стимулира плодноста на жените - или тоа е околу една чаша неделно.
Излегува дека само црвеното вино влијае позитивно врз резерва од фоликули кај дамите - за разлика од белото вино, пивото и други пијалоци.
Клучна компонента кај црвеното вино е ресвератрол - антиоксиданс кој ги штити клетките во организмот од биолошкиот стрес. Супстанцата уште е содржана во какао и боровинки.
Резултатите опфатија 135 жени меѓу 18 и 44-годишна возраст. Авторите на студијата категорично велат дека дамите не треба да ја злоупотребуваат потрошувачката на црвено вино, иако ефектот е присутен кај 5 или повеќе чаши секој месец.

Смути
Ако и тоа не ви е доволно, знајте дека според резултатите од истражувањето на британските научници од Универзитетот во Саутемптон, потрошувачката на овошно cмyти cо омега-3 масни киселини и витамин D ги зголемува шансите на жените да создадат потомство cо 5%.

3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Обидите за бременост не се соло патување
Обидите за бременост често изгледаат како тивка борба. Календар, тесто...
Кандида, што ја активира и како да ја контролирате?
Кандида (Candida albicans) е габа која природно живее во организмот во...
Габички на кожа и нокти, природни начини vs. фармација
Габичките на кожа и нокти се честа појава и можат да бидат упорни. Од ...
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...