Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Од првите зачувани примероци на матични клетки до денес, Cryo Save прерасна во еден од светските лидери во семејното зачувување на матични клетки, со рекорден број од 140 000 зачувани примероци.
Со капацитет од пет високо технолошки опремени лаборатории за процесирање и замрзнување, со услуги достапни во 40 земји во светот, на три континенти, Cryo Save е банка со најголема географска распространетост. Матичните клетки од крвта на папочната врвца се користат повеќе од 20 години и ја докажаа својата безбедност и ефикасност во многу третмани.
Во моментов, за трансплантација на матични клетки, многу повеќе се користат матични клетки од крв од папочна врвца отколку матични клетки од коскена срж.
Во САД, матичните клетки од крвта од папочна врвца се најчесто користен извор на клетки за трансплантација кај педијатриски случаи, но и трансплантацијата на матични клетки од папочна врвца кај возрасни пациенти е во пораст. 0Покрај тоа, по завршените предклинички истражувања, денес во тек се клинички студии кои користат матични клетки за целуларна терапија со охрабрувачки резултати, како на пример за терапија на дијабет тип 1, церебрална парализа и повреди на р’бетниот мозок. Во последнава декада, со трансплантација на матични клетки од крв од папочна врвца со ослободени примероци од Cryo Savе, спасени се животи на дечиња болни од тешки заболувања како леукемија и церебрална парализа. Дел од ослободените примероци од банката им овозможија на семејствата да ги направат потребните генетски испитувања.
Според сеопфатна студија од 2008 година во САД, веројатноста едно лице да добие матични клетки од папочна врвца, матични клетки од коскена срцевина или матичните клетки од периферна крв, изнесува приближно 1:400.(Nietfeld JJ. Lifetime propabilities of haemaopoetic stem cell transplantation in the US Biol. Blood Marrow Transplant. 2008, 14:316-322)
Во текот на изминативе десет години, Cryo Save неуморно работи на зголемување на свесноста, информираноста и прифаќањето на вредноста на зачувувањете на матичните клетки во целиот свет. Групацијата продолжува со својата програма на едукација и информирање на јавноста и здравствените работници со цел да осигураат секој иден родител да добие навремена и правилна информација за опциите кои му се достапни и можноста да ги зачува матичните клетки од своето дете.
Групацијата Cryo Save е поддржувач на голем број клинички студии за развој на терапии со матични клетки и со задоволство допринесува на денешната медицина во подобрувањето на квалитотот на животот.
Извршниот директор на Cryo Save, Арнод ван Тулдер изјави: „Од нашиот почеток во 2000та година, квалитетот, сигурноста и услугата на нашите клиенти се столбовите врз кои сме ја граделе и ќе продолжиме да ја градиме нашата компанија. Како водечка европска банка за матични клетки, ние ги проширивме нашите услуги и денес можеме да понудиме и заувување на матични клетки од ткиво на папочната врвца како и од масно ткиво од возрасни како надополнување на услугата за зачувување на матични клетки од крв од папочна врвца. “ и додаде
„ Со напредокот на медицинските достигнувања и проширувањето на потенцијалот за користење на матични клетки од папочна врвца, значењето на нивното зачувување континуирано расте. Затоа, ние во Cryo-Save сметаме дека поддршката на истражувањето и развојот во оваа област се уште една важна корпоративна дејност. Ние ја продолжуваме нашата соработка со научните медицински центри, кои придонесуваат за зачувување на животите на децата и возрасните, преку развивање на дополнителни третмани со матични клетки“.
***
Со повеќе од 140 000 зачувани примероци, Cryo Save е водечка банка за матични клетки во Европа и една од најбрзо растечките во светот. Водена од својата интернационална бизнис стратегија, Cryo Save денес е застапена во 40 земји на три континенти со високо технолочки опремени капацитети во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Франција. Акциите на Cryo Save групацијата котираат на берзата Euronext Amsterdam.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Ако сакаш да внесеш разновидност во исхраната и да пробаш нешто малку ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?