namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
ЗА
РИНГЕРАЈА.МК
Интернет порталот Рингераја.мк е најголем специјализиран портал за сегашни и
идни родители во Македонија. Месечно го посетуваат голем број интернет корисници,
меѓу кои најмногу преовладуваат надпросечно образовани жени, на возраст помеѓу
25 и 34 години, кои преставуваат половина од сите корисници на порталот.
Почетоците на порталот се од 2009 година, кога со наша помош почна да се
создава првата интернет заедница на »родители« кај нас. Користејќи го
искуството од останатите земји во регионов каде Рингераја постои и
континуираната работа на тимот во Македонија, порталот доживеа многу
надоградувања и проширувања, кои не доведоа до моменталната состојба на
најголем семеен интернет медиум во Македонија. Денес Рингераја.мк е клучен
извор на информации за секоја трудница во Македонија, за секој пар кој
размислува за бебе, или младо семејство, кое за првпат се среќава со
предизвикот да се биде родител и да се одгледува дете.
Порталот е поделен на четири основни подрачја, кои се во согласност со различни
периоди од животот на секој родител. Тоа се подрачјата ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ,
БЕБЕ и ДЕТЕ, кои вклучуваат широк спектар на популарни статии, поделени во
тематски категории, интерактивни алати и тематски форуми, кои на нашите
корисници им нудат корисни информации, убави зборови во тешките моменти и
секако споделена среќа при радосни вести. Покрај основните подрачја порталот е
составен и од разновидни рубрики и алати, како што се исхрана и рецепти,
рингераја на гости кај, детско катче, филантропија, календар на бременост,
календар на овулација, кинески календар за одредување на полот, калкулатор на
срцеви отчукувања, список на имиња, албуми и анкети.
Порталот Рингераја.мк последен пат беше обновен во април 2010. Рингераја.мк припаѓа
на групата на семејни интернет портали чиј сопственик е компанијата Дану д.о.о.
од Словенија (www.danu.biz), која се стреми да воспостави мрежа на европски локални
заедници, со заеднички интерес за бременост и родителство. Освен Рингераја.мк
Дану управува и со портали со сродна содржина во следниве земји: Словенија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Со Рингераја.мк управува Дану Медиа
д.о.о.е.л. Скопје. Контакт
МИСИЈА НА
ПОРТАЛОТ
Нашата мисија е со помош на интернетот и сите можности кои како медиум ги нуди,
им овозможиме на сегашните и идни родители достап до информации за планирање на бременост, периодот на бременост,
здравјето и развојот на детето и неговото подигање. Рингераја.мк на корисниците
им овозможува размена на мислења и меѓусебно споделување на искуства, како
добивање на совети од стручни лица, се со цел за добивање одговори на многу
прашања од областа на забременување, бременост, родителство и одгледување на
деца.
Со помош на заедницата се обидуваме да добиеме што е можно поголем слух за
актуелните проблеми и да го зголемиме квалитетот на донесените закони и прописи,
а исто така се обидуваме да ги информираме нашите корисници за правата и
обврските кои законски им припаѓаат. Со тоа сакаме да влијаеме на квалитетот,
понудите и нивото на услуги, кои овие организации ги нудат
забава Бремените
Автор: bobik
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Конфликтите и кавгите меѓу децата се сосема нормална појава во секое с...
Храна и лекови – комбинации кои не се препорачуваат
Кога земаме лекови, често мислиме дека само дозата и времето се важни....
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?