Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Децата сакаат куќни работи
Низ игра вклучете го детето во куќните работи. Нека Ви помогне во готвење, класифицирање на облеката, чистење на купатилото (тоа најмногу ќе го воодушеви). Вистина е дека работата многу побрзо ќе ја завршите сами, но освен детската радост и чувство на важност, ќе го научите дека сите членови на семејството рамноправно треба да учествуваат во куќните работи. За секоја извршена работа наградете го.
Играчки
Детето на 2. години старост веќе не сака да позајмува играчки, иако сака да си игра со играчките на другите деца. Во овој период веќе подолго време си игра само, но сеуште му е потребна помош од домашните, кога играчката не сака да се “однесува” како што тоа замислило. Најдраги му се игрите со кои го имитира однесувањето на возрасните. Со задоволство готви, телефонира, удира со чекан, се чешла...ужива во игри со големи топки, обожава балони, му требаат коцки, хартија и темперни бои за сликање со прсти и дрвени боички. Боиците треба да бидат подебели, без остар врв за да не се повредат, а истото важи и за пастелните боички. Многу е важно детето низ игра да ги развива говорните, фините моторички и моторичките способности, можноста за емпатија,...
Кога детето е надвор, дозволете му да си игра со вода, песок, каменчиња, школки, глина,...Иако ќе имате повеќе работа со валкана облека, дозволете му на детето во целост да ја доживее играта, па и валканата. Тоа мора да ги запознае сите материјали, мора да дознае од што се создадени предметите и како работат. Возрасните многу работи прават автоматски, а детето мора да ги научи различните зафати. Тоа мора да ги научи основните техники: полнење и празнење, сложување,...
И уште едно предупредување – секогаш уверете се дека ниедна играчка нема остри рабови или ситни делови кои детето може да ги скрши, голтне или аспирира.
Моето малечко
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Добро е да се знае
Си играме
Моето малечко
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Добро е да се знае
Си играме
Претходен период: Возраст од 12 до 17 месеци
Следен период: Возраст 2 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?