namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Непроценливо Автор: bobi | 16.8.2020
Најубавиот ден се случи, чекав во ходник толку многу што мислам дека јас се пораѓав, ме избркаа од таму и само што стигнав дома ми јавија дека имам ќерка, царски рез 1750гр. Трк назад и на врата ми вика, ќе донесеш пелени, најмал број, чорапчиња и сок од јаболка, бистар. До аптека и назад ми требаа 5секунди и се нацртав пак на шалтер. Сестрата ме спреми во хируршка облека топтан и ме однесе да го видам непроценливото мало човече кое беше во инкубатор. Влегов и инстиктивно се упатив до инкубаторот од ќерка ми, која беше во една огромна пелена и огромни сини чорапи со цевче во устата за да се храни. Моментот како бајка, додека и зборував иако спиеше ги отвори очињата и ми се насмевна а следниот момент заплака, ми кажуваше а јас се ја разбирав. Имаше една дупка во инкубаторот од каде можеш да ставиш рака и да го помилуваш чедото. Сликнав без блиц и трк кај жена ми да ја будам од анестезијата и да и покажам што донела на свет. Ја милував по лицето и и држев натопено марамче со вода на испуканите усни кои сакаа да пијат многу вода ама не смееше. Сликата и ја покажав и со насмевка ми рече; е тоа го сакав, да личи на тебе. Ме избркаа и од таму и со смеење и солзи радосници по лицето се довезов дома и да ви кажам се стаив у несвест после тродневно неспиење. Сабајле како програмиран, будење у 7 и трк кај моите две сонца. Едната у една соба, малото у друга и сеуште се немаат сретнато. Ја станав од кревет и со мачно одење од царскиот рез ја однесов сопругата кај ќерка ми Ана, погледите на двете не се опишуваат со зборови, мора само да се доживее . Бидејќи е приказнава за доење тука почнува моето стрпливо инаетско јас. Бидејќи се разделени повеќе од недела дена, а градите од првиот момент се огромни и полни со млеко, без никој да ти каже и укаже почнува треска, грозница со температура , викај доктори, сестри, ваква терапија, онаква и се најде една од мајка родена чекај да видам градите ја фати со рацете и ја измолзи, олеснување уште од одма и ми се врти мене, ова ќе го правиш ако сакате да ја доите ќерка ви. Одмолзување секојдневно по неколку пати и кога ќе ја пуштат ќе ја доиш, мајчино млеко е незаменливо. Третиот ден ја пуштаат сопругата од болница дома, малото е уште у инкубатор а тато, т.е јас одам секојдневно по двапати да ја видам , детето ми напредува супер а дома го зачувуваме млекото со молзење. Онака вратен од кај малецкото, спружен на кауч ми се јавува сестрата од болница и ни вика доаѓајте да си го земете бебето . Гз преку глава не знаеш што да направиш прво, отидовме и си го земавме бебето дома. Прво што напраивме ја стаивме на цицка да се наруча убаво за да не ја мислиме дека била гладна, цицката двапати поголема од главчето ама инстикт си има и се закачи да цица, по една минута заспа и ние среќни дека сме ја нараниле. И така поминаа денот на цицка у кревет и другиот ден патронажна сестра на посета. Добар ден, честитки, дај ова, дај она, добро е све чекај да видам каките какви се и да ви покажам како да менувате пелени, каки у мала количина значи дека е гладно детето, чекај да видам млекото какво е, стисна и ми рече ај ти појди до аптека по шише со цуцла. Тато трк и ете ме за секунда назад со стерилизирано шише. Ајде сега тато да се покаже како одмолзувал и да го наполните шишето со млеко. Така и бидна полно шише кај тато во раце, го земав бебето и пак јас прв во се, го наранив со најдобрата храна за бебиња, мајчино млеко. Малечкото имало инстинкт ама немало сила да повлече млеко од градите бидејќи се ранело во инкубаторот од цевче кое само тече и така денот ни помина во учење ама кога научивме како се дои е тоа обострано задоволство траеше со години, нејќам да кажам колку, ех колку е убаво све.
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...