|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Две деца две приказни.
Автор: Драгана Трајковска | 9.8.2020
Здраво, мојата приказна ке биде долга и почнува пред 5 годони со раѓање на моето прво дете. Уште пред да се роди знаев дека ќе направам се што можам да биде доена. Така и беше, во болница од почеток веднаш наидов на проблем ми ја носи сестрата и ми вика ајде мајка вади ја градата, јас скоро и да немам брадавици и одма нејзина реакција а па не правиме ништо нека ти донесат силиконски брадавици од дома, не можеш да доиш. И така јас во солзи барам да ми донесат, а во градите веќе надоаѓа млеко и цели ми се тешки и ми горат. Во меѓувреме на бебе му даваат адаптирано и ќе дојде сестра ке ме погледне а ти немаш млеко и така јас тонам од тага. Нареден ден се појавува една нова сестра и ме прашува ти зашто не доиш и јас нормално и викам па немам млеко, кога она ме стиска ми вика како немаш полна си јас на ова бебе не му давам млеко ставај го на града. Ми покажа како да се наместиме со силиконските и почна нашата борба, бебе одма почна да влече и после цел ден напразно влечење конечно видов млеко на среќата и немаше крај. Ама јас будала упорно ке ја учам без силиконски и така ми направи страшни крвави рагади кој ги лечев може два месеци, секој подој со страшни болки но бев упорна и на крај успеав. Но нов проблем бебе почнува да се трга од града плаче но никако не сака да дои пробувам на секој можен начин но упорно одбива, одиме на педијатар се е во ред здрава е некако уште става на килажа и тоа е доволно. Но како поминуваат деновите се помалку успевав да ја надојам и така после две недели одиме повторно на мерење и тогаш воопшто нема ставено на кг и одма совет давај адаптирано. Јас пак упорна купувам пумпа за да се одмолзувам барем во шише да го пие моето млеко. Но бебе и тоа не прифаќа, единствено успевам во спиење некако успеваме или со шише или на града во меѓувреме и давам со лажичка дел мое млеко дел адаптирано, од недоволно одмолзување и од стрес ми се намалува млекото. И така на 6 месеци веќе немам воошто млеко и стресот надвладеа па продолживме со адаптирано кое до крај не го прифати и го пиеше само во спиење а преостанатото со лажичка. Пред 13 месеци на свет доаѓа моето второ дете син на мајка :), овој пат полна со оптимизам дека не може истото да ми се случи ја почнувам новата приказна. Бебе од старт почнува да дои и јас пресреќна но повторно проблем со рагади и повторно два месеци болни подои. Но сега нов проблем бебе има жолтица и цело време спие а мора многу да дои да го намалиме билирубинот да не не вратат во болница, и така упорно на секој час и половина со мака се будиме и успеваме многу брзо да ја победиме жолтицата на изненадување на сите. Јас пресреќна конечно ке здивнам и ќе уживам во доњето , за жал ке мора да почекаме уште некое време. На три месеци почнува да се случува тоа од што потајно се плашев бебе се трга од града:((( Просто не можев да поверувам дека ќе морам повторно низ исто да поминувам. Не знам ни сама кај најдов сила но решив ќе доиш ти па што сака нека биде и така, бебе плаче и јас со него упорно го ловам во спиење во меѓувреме се одмолзивам да задржам лактација и така до 10 месеци со страшни кризи но конечно после тоа здивнавме и јас и тој и сега е 14 месеци и СЕУШТЕ се доиме и ќе се доиме уште долго се надевам. Поздрав и се надевам дека ќе успеам со мојата приказна на некого да помогнам, мене во најлошите моменти само туѓите успешни приказни успеваа да ми дадат надеж дека и јас ке успеам.




Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар





Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?