vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Доењето и маките Автор: Viktorija Denkovska | 5.8.2020
Бидејки бев прв пат мајка мислев дека доењето ќе биде најубавата и најлесната работа од мајчинството, но малку знаев и имав многу за учење..и тука почнуваат големите подеми и падови..
Со сопругот едвај го дочекавме денот да станеме родители.. тогаш на 4-ти јануари после патолошка бременост во 36-та недела ми пукна водењакот и дојде најубавиот подарок, станав мајка добив син 💙 Нашето патување започнува во болницата - мислев дека доењето е само местење на бебето на градите... но не било така. Процесот е поинаков. Имав вовлечени брадавици и силни болки, секоја положба и непроспиена ноќ дополнително ме исцрпуваше и обесхрабуваше дека ќе успеам во доењето. Со секоја купена пумпа и одмолзување бев подалеку од доењето.. И почнуваме: пумпа на едната града извлекување на брадавицата и местење на бебето на градата ( сето ова со помош на сопругот ) болки големи поради надојденото млеко ама продолжуваме со борба... поминуваа денови, седмици јас се уште се мачев со брадавиците.. Не сите ме поддржуваа да продолжам со доењето но јас знаев дека мора на крај да успеам. Кога дојде денот на изненадување моето дете фати положба на градите и почна да цица и голта ... не ми се веруваше, почувствував струење во градите, топлина во телото, како крвта од брадавицата па се до главата да се стоплува. Неверојатна конекција, најубавото чувство и тука почнуваат и солзите си велев успеав, ние се доиме... Секој ден беше ново истражување некогаш со помош на измолзување друг пат со цицање немавме конечна положба. Нашата приказна траеше околу 6 месеци додека да почнеме со кашички. Малку од малку си го одбра вкусот на благите вкусови и пиењето вода од шише.. знаев дека тука некаде ќе заврши нашето доење. И така бидна .. Моето мото е: Никогаш не се откажувајте од доењето, најубавото чувство на светот колку тоа и да трае.. Знам дека ни е краток патот но беше најубавиот... сега го чекам и второто бебе. Исто се радуваме со сопругот сега ќе бидеме по втор пат мајка, по втор пат татко и најдобриот бато на светот.. Искуството ми влева надеж за полесен пат во најубавиот момент... Доењето 💕 Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...